Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Трамп ги паузираше царините за Канада
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Трамп ги паузираше царините за Канада
СВЕТ

Трамп ги паузираше царините за Канада

Објавено March 7, 2025 08:25
Сподели
Сподели

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ги ослободи стоките од Канада и Мексико на еден месец од царините од 25 отсто што ги воведе претходно оваа недела.

Ослободувањето, кое истекува на 2 април, ги вклучува двата најголеми трговски партнери на САД и се однесува на стоки опфатени со одредбите на Северноамериканскиот трговски договор.

Трамп претходно спомена продолжување на рокот само за Мексико, но изменетата наредба за царини ја вклучува и Канада.

Мексиканската претседателка Клаудија Шејнбаум му се заблагодари на Трамп за „одличниот разговор“ полн со почит, ветувајќи му дека нејзината влада ќе работи на безбедноста и миграцијата откако Вашингтон привремено ги ублажи царините.

Трамп често ja фалe[e Шејнбаум, но остро го критикуваше канадскиот премиер Џастин Трудо. И во денешна објава на социјалната мрежа Truth Social, тој го обвини Трудо дека се обидува политички да ја искористи вознемиреноста што Канаѓаните ја чувствуваат за царините.

„Верувале или не, и покрај ужасната работа што ја заврши за Канада, мислам дека Џастин Трудо го користи проблемот со царините, што во голема мера го предизвика, за повторно да се кандидира за премиер. Многу забавно за гледање“, напиша Трамп.

Трудо, исто така, јавно го критикуваше Трамп. На денешната прес-конференција тој дури рече дека очекува Канада и САД во догледна иднина да бидат во трговска војна.

Акциите нагло паднаа откако Трамп првично не ги паузираше царините за Канада.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Кандидатот за градоначалник на Скопје на СДСМ ќе биде познат во април
Следна Статија Трајковски во финалето во скок во далечина на ЕП

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Генералниот директор на Би-Би-Си поднесе оставка поради документарец за Трамп

Генералниот директор на Би-Би-Си, Тим Дејви, и извршната директорка на вестите, Дебора Тернес, поднесоа оставки по критиките дека документарецот на…

November 10, 2025
СВЕТ

Трагичен настан на Универзитетот Браун: Две жртви и девет повредени

Масовно пукање на универзитетскиот кампус предизвика длабока загриженост и тага

December 15, 2025
СВЕТ

Доаѓа снежна бура со интензивни временски услови!

Во новата прогноза, Severe Weather Europe (SWE) предупредува на претстојна зимска бура и интензивни временски услови кои ќе се почувствуваат…

November 18, 2024
СВЕТ

ВО ЖИВО Почна пренесувањето на телото на папата

Во Каза Санта Марта, кардиналите се собрани во молитва. „Го придружуваме Френсис на ова последно патување, со сите добри дела…

April 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?