Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Трамп им забрани влез во САД на државјани од 12 земји
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Трамп им забрани влез во САД на државјани од 12 земји
СВЕТ

Трамп им забрани влез во САД на државјани од 12 земји

Објавено June 5, 2025 08:41
Сподели
Сподели

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша уредба со која се забранува влез на државјани од 12 земји, јави Си-Би-Ес Њуз, повикувајќи се на извори од администрацијата.

На списокот се наоѓаат седум африкански држави (Чад, Конго, Екваторска Гвинеја, Еритреја, Либија, Сомалија, Судан), четири азиски (Авганистан, Мјанмар, Иран и Јемен) и една северноамериканска (Хаити).

Освен тоа, делумно ќе биде ограничен влез за државјани од уште седум земји: Бурунди, Куба, Лаос, Сиера Леоне, Того, Туркменистан и Венецуела.

– Претседателот Трамп го исполнува своето ветување за заштита на Американците од опасни странски актери кои сакаат да влезат во нашата земја и да им наштетат, напиша на X портпаролката на Белата куќа, Абигејл Џексон.

Белата куќа соопшти дека забраните ги погодиле оние земји кои претставуваат „висок безбедносен ризик за САД“.

Сличен потег Трамп направи и во својот прв мандат, кога објави забрана за влез на патници од седум земји со мнозинско муслиманско население. Но, таа одлука беше укината од поранешниот претседател Џо Бајден во 2021 година, нарекувајќи ја „дамка на совеста на американската нација“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Бислимовски: Не очекувам промена на цената на електричната енергија за домаќинствата
Следна Статија Роналдо ја однесе Португалија во финалето на Лигата на нации

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Швајцарија не дозволи летови на американските воени авиони над земјата

Швајцарија им забрани на два американски воени авиони да прелетаат над нејзината територија поради конфликтот во Иран, соопшти сношти швајцарската…

March 15, 2026
СВЕТ

Експлозија во Осло пред американската амбасада

Силна експлозија денеска одекна пред зградата на амбасадата на САД во главниот град на Норвешка, Осло, предизвикувајќи помала материјална штета,…

March 8, 2026
СВЕТ

(ВИДЕО) Пиротехниката виновна за пожарот во швајцарскиот центар Кран Монтана

Италијанското Министерство за надворешни работи соопшти дека проверува дали има италијански државјани меѓу загинатите или повредените во пожар во Швајцарија.…

January 1, 2026
СВЕТ

Украина и продава пресретнувачи на дронови на Саудиска Арабија

Саудиска Арабија потпиша договор со Украина за купување на украински ракети-пресретнувачи на дронови, објавија украинските медиуми. Двете земји исто така…

March 12, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?