Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Роналдо ја однесе Португалија во финалето на Лигата на нации
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Роналдо ја однесе Португалија во финалето на Лигата на нации
СПОРТ

Роналдо ја однесе Португалија во финалето на Лигата на нации

Објавено June 5, 2025 08:46
Сподели
Сподели

Португалија е првиот финалист на четвртото издание на Лигата на нации. Во првото полуфинале, Португалија го елиминираше домаќинот Германија со 2:1. Роналдо го постигна голот за победа, но играч на мечот беше Франсиско Консеисао.

Португалија по 25 години и пет порази во низа успеа да ја победи Германија. На ЕП во 2000 година Португалците славеа над Германија со 3:0 со хет-трикот на Серџо Консеисао, а неговиот син Франциско го иницираше пресвртот за победа.

Германците поведоа на стадионот во Минхен со голот на младата ѕвезда Флоријан Вирц во 48-та минута. Португалците ја загубија топката во својата половина, а по елегантниот центаршут на капитенот Кимих, Вирц со глава ја испрати топката во мрежата.

Сепак, 15 минути подоцна, Португалија израмни со прекрасен гол на резервистот Франсиско Консеис. Фудбалерот на Јувентус, само пет минути по влегувањето во игра, изведе одлична соло акција и со удар од околу 20 метри го совлада тер Штеген.

Пет минути подоцна Португалците го комплетираа пресвртот. Додавањето на Бруно кон Нуно Мендеш ја „пресече“ германската одбрана, левиот бек по земја го проигра Роналдо кој ја испрати топката во празната мрежа.

Роналдо, постигна гол за својата репрезентација по 137-ми пат. Германија не успеа да се пласира во финалето на Лигата на нации ниту во четвртиот обид, додека Португалија ќе има можност да стане првата екипа со два трофеи во ова натпреварување.

Нивниот противник во финалето ќе биде победникот од дуелот меѓу Шпанија и Франција, кој ќе се игра во петок.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трамп им забрани влез во САД на државјани од 12 земји
Следна Статија Тројца осомничени за обид за убиство пред фитнес клуб во Чаир

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Лазаров објасни зошто на списокот за СП 2025 ги нема Талески и Томовски

Селекторот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров одлучи да не го повика досега стандардниот Филип Талески, играч на Бенфика, а…

December 20, 2024
СПОРТ

Видео на атрактивна хрватска фудбалерка собра 25 милиони прегледи

Видеото на хрватската фудбалерка Ана Марија Марковиќ за само неколку дена доби милиони прегледи на Тикток. Видеото за само шест…

November 25, 2024
СПОРТ

Вардар и Црвена ѕвезда со срце за Кочани

Во хуманитарен натпревар за погодените од трагдеијата во Кочани, Црвена ѕвезда вечерва во Скопје го победи Вардар со 3:1. Иако…

April 16, 2025
СПОРТ

Ноле в недела почнува на Ролан Гарос, со Синер може да игра дури во финалето

До почетокот на Ролан Гарос остануваат уште два дена (24.мај – 7.јуни), а српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ во недела на…

May 22, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?