Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Тројца осомничени за обид за убиство пред фитнес клуб во Чаир
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Тројца осомничени за обид за убиство пред фитнес клуб во Чаир
ХРОНИКА

Тројца осомничени за обид за убиство пред фитнес клуб во Чаир

Објавено June 5, 2025 08:50
Сподели
Сподели

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица за кои постои сомнение дека како соизвршители се обиделе да сторат кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 3 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.

Осомничените, од кои двајца браќа и нивен познаник, со умисла се обиделе да лишат од живот едно лице и го довеле во опасност животот на уште двајца. Делото го извршиле пред фитнес клуб во Чаир, на 1 јуни во вечерните часови.

Инцидентот започнал како вербална расправија во која си разменувале навреди и пцовки, а продолжил и со физичка пресметка, па во еден момент првоосомничениот извадил нож со кој го прободел оштетениот во коленото, стомакот и градите. Повреди им биле нанесени и на другите двајца оштетени кои се обиделе да ги раздвојат и да му помогнат на прободениот.

Јавниот обвинител за сите тројца осомничени достави предлог за определување мерка притвор до судијата на претходна постапка.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Роналдо ја однесе Португалија во финалето на Лигата на нации
Следна Статија ЕХФ конечно со одлука: Алкалоид е освојувач на Европскиот куп!

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Македонска државјанка се удави на Халкидики

Македонка извлечена без знаци на живот од морето во Неа Каликратија на Халкидики е новата трагична вест од една од…

June 18, 2026
ХРОНИКА

Драма на Бит Пазар: Арачиновец пукал во воздух кога две лица го застанале и се обиделе да го извлечат од возилото

Драматично вчера попладне на Бит Пазар. Триесет и двегодишен маж од Арачиново, Скопско, пријавил дека додека се движел од автомобилот…

December 8, 2024
ХРОНИКА

Запленети 78 кг тутун за наргиле, поднесена кривична пријава до ОЈО

Царинската управа заплени 78 килограми тутун за наргиле со пазарна вредност од 810.698 денари. Против едно лице е поднесена кривична…

August 19, 2025
ХРОНИКА

Тројца малолетници пријавени за исчезнати

На 14.10.2024 во 12:00 часот во Полициската станица Карпош, од Јавната установа за згрижување деца било пријавено дека од установата…

October 15, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?