Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Трамп за Иран: Понекогаш е неопходно да се употреби воена сила
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Трамп за Иран: Понекогаш е неопходно да се употреби воена сила
СВЕТ

Трамп за Иран: Понекогаш е неопходно да се употреби воена сила

Објавено February 28, 2026 10:25
Сподели
Сподели

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е незадоволен од Иран бидејќи Техеран сè уште не е подготвен да се откаже од своето нуклеарно оружје. Тој посочи дека сака да постигне договор со Иран и предупреди дека „понекогаш е неопходно“ да се употреби воена сила.

Тој пред да замине во Тексас наведе дека Иран сè уште не е подготвен да се откаже од своето нуклеарно оружје.

Запрашан за можноста за употреба на сила, Трамп рече дека САД имаат најмоќна војска во светот.

– Би сакал да не ја користам, но понекогаш е неопходно, посочи Трамп.

Тој најави дека во текот на денот ќе има разговори за Иран, но не прецизираше кој ќе присуствува.

Американскиот државен секретар Марко Рубио утре требаше да го посети Израел, но патувањето е одложено за понеделник.

Вчера во Амбасадата на Оман во Женева се одржаа индиректни разговори помеѓу САД и Иран за нуклеарната програма на Техеран. Шефот на оманската дипломатија Саид Бадр бин Хамад бин Хамуд ал Бусаиди изјави дека е постигнат значителен напредок и најави дека наскоро ќе има нова рунда преговори, по консултациите во Вашингтон и во Техеран.

Бусаиди посочи и дека следната недела во Виена, каде е седиштето на Меѓународната агенција за атомска енергија, ќе се одржат разговори на техничко ниво.

Трамп повеќе пати предупреди дека ако не биде постигнат договор со Иран можно е да употреби воена сила. Изминатите недели САД распоредија воени сили во Блиски Исток, најголеми во изминатите децении.

Поради стравувањата од судир и проширување на конфликтот низ регионот повеќе земји ги повикаа своите државјани да се воздржат од непотребни патувања, пред сè во Израел, додека граѓаните кои се таму да заминат од земјата.

Германското Министерство за надворешни работи денеска ги советуваше граѓаните да не патуваат во Израел.

Патувањето во Израел и Источен Ерусалим силно не се препорачува, наведе германското МНР.

И француското МНР апелира да не се патува во Израел и во Западниот Брег, да се избегнуваат протести и собири и француските државјани да се упатат во засолништата.

Додека полското МНР ги повика Полјаците да заминат од Иран, Израел и Либан.

– Безбедноста ситуација во Блиски Исток е нестабилна. Ризикот од ескалација е висок! Можно е да биде затворен воздушниот простор за цивилен сообраќај, а враќањето со авион би можело да стане невозможно или значително отежнато, објави полското МНР на платформата Икс.

Амбасадата на Кина во Израел им порача на своите државјани да ги зголемат безбедносните мерки и да бидат подготвени за вонредни ситуации поради растечките ризици во Блиски Исток.

Пекинг денеска им порача на своите граѓани да го избегнуваат Иран, а тие што се во земјата во најкус рок да заминат од Исламската Република.

Додека италијанското МНР им препорача на своите државјани во Израел да бидат максимално внимателни, а на Италијанците во Иран ги советуваше да заминат од земјата.

Во меѓувреме британското МНР дел од дипломатскиот персонал од Тел Авив го премести на друга локација во внатрешноста на Израел поради опасност од влошување на ситуацијата.

Амбасадата на САД во Ерусалим на персоналот и нивните семејства им овозможи сами да одлучат дали сакаат да заминат од Израел.

– Нема потреба од паника, но тие кои сакаат да заминат треба да го испланираат заминувањето што е можно побрзо, изјави американскиот амбасадор Мајк Хакаби.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Google touts ‘Pixel Colors Through the Years’ – here’s a look back [Gallery] – 9to5Google
Следна Статија AJ Styles retires, will be inducted into WWE Hall of Fame – Cageside Seats

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Домот на Нетанјаху бил погоден со дрон

Домот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во северниот израелски град Цезареја бил погоден од дрон, изјави неговиот портпарол. Премиерот не…

October 19, 2024
СВЕТ

ВИДЕО: Мал авион се урна на аеродромот во Лондон, бројот на патници е непознат

Британските медиуми пренесуваат дека локалната полиција на Есекс е сè уште на местото на настанот. Полицијата соопшти дека била предупредена…

July 14, 2025
СВЕТ

Иран не бара војна, ама ќе одговори соодветно на израелските напади

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјави дека Техеран не бара војна со Израел, но е подготвен да даде соодветен одговор на…

October 27, 2024
СВЕТ

Трамп најави царини за Мексико и Канада од 4 март и дополнителни 10 отсто царина за стоките од Кина

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа објави дека неговите предложени царини од 25 отсто за стоките од Мексико и Канада ќе…

February 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?