Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Поради мајмун, цела Шри Ланка остана без струја, рече министерот за енергетика
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Поради мајмун, цела Шри Ланка остана без струја, рече министерот за енергетика
СВЕТ

Поради мајмун, цела Шри Ланка остана без струја, рече министерот за енергетика

Објавено February 10, 2025 14:56
Сподели
Сподели

Владата на Шри Ланка обвини мајмун за прекинот на струјата во земјата, пишува „Телеграф“.

Според министерот за енергетика, Кумара Јајакоди, прекинот на електричната енергија се случил кога мајмун влегол во електраната „Панадура“, јужно од Коломбо, и дошол во контакт со мрежен трансформатор.

Пoради прекинот на снабдувањето, милиони луѓе се без струја со часови, а тоа предизвикa проблеми и во болниците, станиците за третман на водата и железничкиот систем.

„Мајмунот удри во далновод во електраната, што предизвика моментна нерамнотежа во системот“, изјави Јајакоди за новинарите.

Чувар од електраната „Панадура“ изјави дека слушнал силна експлозија, проследена со облак од чад, што се издигал од централата. Мајмунот починал на местото на настанот, додаде тој.

Многумина беа принудени да се потпрат на генераторите откога почна прекинот на електричната енергија, вчера околу 11 часот по локално време. На жителите им беше препорачано да ги исклучат своите соларни системи и да штедат вода додека не се врати струјата.

Иако напојувањето постепено се обновува, официјални лица рекоа дека ќе бидат потребни уште околу четири дена ситуацијата целосно да се стабилизира.

„Здравствените установи и постројките за прочистување на водата се наш приоритет“, соопшти ЦЕБ. Министерството за енергетика и ЦЕБ и се извинија на јавноста за непријатностите предизвикани од прекинот на електричната енергија.

Додека властите работеа на санација на проблемот, многу жители на Шри Ланка повлекуваа паралели со легендарната приказна за Хануман, богот на мајмуните од хиндуистичката митологија, кој го запали островот со запалената опашка.

Социјалните мрежи беа преплавени со мемиња и сатирични објави, а некои сугерираат дека Хануман се вратил за да ја потсети Шри Ланка на нејзината влошена инфраструктура.

Инцидентот повторно предизвика критики за застарената електрична мрежа во земјата, при што инженерите предупредуваат дека системот е толку кревок што дури и најмалиот прекин може да доведе до катастрофален дефект.

Поведена е истрага за да се утврди точната причина за прекинот на електричната енергија, а жителите веруваат дека владата треба да даде приоритет на модернизацијата на мрежата наместо да ги обвинува злобните мајмуни.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ТикТок ќе се забрани доколку некоја појава од инцидент прерасне во пракса, вели Андоновски
Следна Статија Не може некои производи во соседството да бидат два-три пати поевтини: Владата утре се очекува да разговара за цените на прехранбените производи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Унгарија: Прекината ни е испораката на нафта по украинскиот напад на Русија

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто изјави дека испораката на нафта за Унгарија преку нафтоводот морало да биде прекината…

March 11, 2025
СВЕТ

Венс: Трамп се обидува да испрати многу јасна порака со стопирањето на помошта за Украина

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс рече дека и тој и претседателот Доналд Трамп остануваат оптимисти за постигнување договор за минералите…

March 4, 2025
СВЕТ

Поранешниот водител на „Фокс њуз“ Пит Хегсет избран за министер за одбрана на САД

Пит Хегсет со тесно мнозинство е избран за министер за одбрана на САД. Педесет сенатори гласаа „за“, но ист толкав…

January 25, 2025
СВЕТ

Орбан предвидува: Новата влада на Доналд Трамп ќе ја прекине помошта за Украина

Новата американска администрација на Доналд Трамп ќе прекине да дава помош за Украина во нејзината борба против руската инвазија, изјави…

November 8, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?