Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Не може некои производи во соседството да бидат два-три пати поевтини: Владата утре се очекува да разговара за цените на прехранбените производи
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Не може некои производи во соседството да бидат два-три пати поевтини: Владата утре се очекува да разговара за цените на прехранбените производи
ЕКОНОМИЈА

Не може некои производи во соседството да бидат два-три пати поевтини: Владата утре се очекува да разговара за цените на прехранбените производи

Објавено February 10, 2025 16:34
Сподели
Сподели

На владина седница утре се очекува да се разгледа прашањето за високите цени на прехранбените производи и дали државаат ќе преземе чекори за нивна контрола, по граѓанскиот бојкот за пазарење во маркетите изминатите две недели.

На утрешната владина седница, како што изјави минатата недела премиерот Христијан Мицкоски, Државниот пазарен инспекторат и Министерството за економија треба да поднесат извештај и оти се можни мерки во однос на контрола на цените.

Мислам дека Државниот пазарен инспекторат заедно со Министерството за економија и труд ќе излезат во јавноста со одредни параметри. Ако тоа не се почитува од страна на системот, а тој започнува од производителите, дистрибутерите и ланците, тогаш како Влада ќе треба да преземеме поинаков тип на дефанзивни мерки за да го контролираме тоа, таму каде што е потребно. Оваа акција ќе биде проширена бидејќи не само супермаркетите или хипермаркетите, предмет на анализа ќе бидат и други економски оператори како аптеки, продавници за бела техника. Не може некои производи во соседните земји да бидат два – три пати поевтини отколку кај нас, а се работи за ист производ од ист производител и со иста царинска стапка – изјави Мицкоски.

Не ја исклучи можноста да бидат донесени мерки на утрешната седница, иако, како што рече, се надеваат дека преку дијалог ќе се најде заедничко решение.

Доколку гледаме дека едната страна не почитува договорено тогаш како Влада ќе мора да интервенираме. Ние не сакаме со интервенционализам да водиме политика, сакаме преку дијалог да дојдеме до заедничко решение. Се обидовме пред Нова Година, но знаете како заврши тоа, беше нарушена довербата меѓу Владата и трговците – додаде Мицкоски.

Министерот за економија Бесар Дурмиши во четвртокот на прес-конференција рече дека течат контролите на дистрибутерите, добавувачите, производителите и трговците.

Надзор се врши врз целокупниот процес, се контролира и колкава е маржата ставена од трговците за период од шест месеци, дали таму е чепкано и врз основа на тој извештај од Инспекторатот, како Влада ќе преземеме соодветни мерки – истакна Дурмиши.

Изминатите две недели во петок преку социјалните мрежи граѓаните беа повикани да ги бојкотираат големите трговски ланци поради високите цени на основните прехранбени производи. Првата акција покажа дека прометот во осумте најголеми трговски ланци беше намален за речиси 50 проценти, а вториот бојкот минатиот петок прометот беше паднат за 22,12 проценти.

Бојкотот за пазарење почна во Хрватска, а се прошири и во другите држави од регионот. Во Србија граѓаните се повикаа да ги бојкотираат петте најголеми трговски ланци.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Поради мајмун, цела Шри Ланка остана без струја, рече министерот за енергетика
Следна Статија Инстаграм го исклучи профилот на Јелена Карлеуша!

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

УПС ќе намали 30.000 работни места додека се оддалечува од Amazon

Компанијата за достава на пратки најавува намалување на испораките со низок профит за онлајн трговецот.

January 29, 2026
ЕКОНОМИЈА

Пет нови авиолинии стартуваат ова лето

И покрај неуспешните преговори со нискобуџетната авиокомпанија „Рајанер“, Владата најави проширување на мрежата на авиолинии и воведување нови летови од…

May 21, 2026
ЕКОНОМИЈА

Ако цените на храната продолжат да растат потребни се долгорочни мерки, смета организацијата на потрошувачи

Владата да ја следи состојабата и доколку трендот на поскапување на прехрамбените производи продолжи потребни се мерки – кои ќе…

August 10, 2025

Dow Jones и S&P 500 достигнаа рекордни нивоа пред празниците

Palantir, Tesla, Nvidia и Google се задржуваат во зоната на купување.

December 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?