Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски: Со силно темпо напредува изградбата на автопатот Гостивар – Букојчани
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Николоски: Со силно темпо напредува изградбата на автопатот Гостивар – Букојчани
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Со силно темпо напредува изградбата на автопатот Гостивар – Букојчани

Објавено June 20, 2026 17:14
Сподели
Сподели

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николовски информираше дека со засилена динамика продолжуваат градежните работи на автопатот Гостивар – Букојчани, делница која ќе овозможи заобиколување на планинскиот премин Стража.

Според Николовски, во моментов активно се работи на пробивање на трасата, а паралелно се изведуваат и активности за поставување на столбовите на виадуктите долж трасата.

„Одличен напредок во изградбата на автопатот Гостивар – Букојчани. Трасата се пробива со силно темпо, а истовремено се работи на поставување на столбовите за виадуктите“, истакна Николоски.

Тој посочи дека на оваа делница во тек е изградба на четири моста и еден натпатник, при што еден од мостовите веќе е целосно завршен.

Изградбата на автопатот Гостивар – Букојчани е дел од големите инфраструктурни проекти во државата, чија цел е подобрување на патната поврзаност, зголемување на безбедноста во сообраќајот и скратување на времето на патување.

„Ја градиме Македонија“, порача Николоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија КРПЕН ЖИВОТ: На едно семејство потребни му се 1.120 евра за да го помине месецот
Следна Статија Приведено момче кое прегази тригодишно девојче на велосипед во Визбегово

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Европската комисија предложи преговори со Западен Балкан за укинување на роамингот, вклучена и Македонија

Денеска, Европската комисија предложи отворање преговори со шест земји од Западен Балкан за укинување на таксите за роаминг. Неочекувано високите…

February 25, 2026
ЕКОНОМИЈА

Божиновска: Новата ТС Охрид го поврзува Балканот и европскиот пазар на електрична енергија

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денес изврши теренска посета на градилиштето за изградба на новата трансформаторска…

July 11, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Се воведува е-фактура, крај за фантом фирмите и лица кои испумпувале стотици милиони евра од буџетот

Денеска присуствував на работен состанок на кој се презентираше инструментот е-фактура во просториите на Управата на јавни приходи.Се воведува системот…

June 27, 2025
ЕКОНОМИЈА

Економски раст од 3,8%, инфлација 2,5 – Владата го усвои предлог буџетот за наредната година

Владата денеска го усвои Предлог-буџетот за 2026 година, со којшто економскиот раст е проектиран на 3,8 проценти, инфлацијата на 2,5,…

October 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?