Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Трамп извиси: Нобеловата награда за мир ѝ е доделена на Марија Корина Мачадо од Венецуела
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Трамп извиси: Нобеловата награда за мир ѝ е доделена на Марија Корина Мачадо од Венецуела
СВЕТ

Трамп извиси: Нобеловата награда за мир ѝ е доделена на Марија Корина Мачадо од Венецуела

Објавено October 10, 2025 13:36
Сподели
Сподели

Нобеловата награда за мир ѝ е доделена на Марија Корина Мачадо од Венецуела.

Норвешкиот Нобелов комитет соопшти дека таа ја добила наградата „за нејзината неуморна работа за промовирање на демократските права за народот на Венецуела и за нејзината борба за постигнување праведен и мирен премин од диктатура во демократија“.

Мачадо е опозициска политичарка, економистка и една од најистакнатите критичарки на режимот на венецуелскиот претседател Николас Мадуро. Таа е основач на движењето „Vente Vente Venezuela“ и симбол на борбата за демократски промени во земјата, позната по своите либерални и продемократски ставови.

Две децении, Марија Корина Мачадо е најпрепознатливото лице на венецуелската опозиција и симбол на борбата против режимот на Николас Мадуро. Оваа 57-годишна инженерка, поранешна членка на Националното собрание и лидерка на либералното движење „Vente Vente Venezuela“, е позната по своите непопустливи критики кон авторитарната влада и повикува на враќање на демократијата во земја уништена од корупција, инфлација и политички прогон.

На почетокот на 2000-тите, Мачадо ја основа организацијата Сумате, која се бореше за фер избори и транспарентност, поради што таа често беше цел на властите. Во јануари 2024 година, како што се приближуваа претседателските избори, Врховниот суд на Венецуела, контролиран од Мадуро, ја дисквалификуваше од политиката 15 години, забранувајќи ѝ да се кандидира за функција. Ројтерс и Би-Би-Си известуваат дека Мачадо потоа ја именуваше професорката Корина Јорис за нејзина замена на опозициската листа.

И покрај забраната, Мачадо продолжи да се појавува во јавноста, собирајќи поддржувачи низ цела Венецуела. Во јануари 2025 година, таа беше накратко уапсена по говорот во Каракас, а сведоците тврдеа дека нејзиниот конвој бил нападнат. Според Би-Би-Си, таа набрзо беше ослободена, додека властите негираа дека се случиле какви било апсења.

CNN и Ројтерс известуваат дека Мачадо се смета за клучна фигура во демократската опозиција од страна на меѓународната заедница, вклучувајќи ја Европската Унија и САД. Таа е добитничка на неколку меѓународни награди, вклучувајќи ја наградата Сахаров за слобода на мислата (2024) и наградата Вацлав Хавел за човекови права.

За многу Венецуелци, Марија Корина Мачадо останува симбол на храброст, граѓански отпор и надеж дека земјата, по години авторитарно владеење, ќе најде пат назад кон слободата и политичките промени

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Саракинов: Стевчо Јакимовски, кандидатот на СДС, Филипче и Заев, од Карпош направи бетонска џунгла, за профит на инвеститори ја продаде општината
Следна Статија Шаини: Мојата сопруга не е вмешана

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Временска линија на зимска олуја за Њујорк и Њу Џерси покажува кога ќе биде најсилниот снег викендов

Областа на Њујорк се подготвува за силна зимска олуја која треба да го зафати регионот со обилен снег и опасни…

January 26, 2026
СВЕТ

Трговската војна меѓу САД и Кина може да го попречи глобалното снабдување со лекови кои спасуваат животи

Одговорот на Кина на новите американски царини може да го отежне снабдувањето со важни лекови, покажа анализата на Ројтерс на…

April 16, 2025
СВЕТ

EУ не може да се договори ниту за промена на времето

 Предлогот за укинување на сезонската промена на времето и натаму е на листата на задачи во Програмата за работа на…

March 14, 2025
СВЕТ

Трамп најавува нова класа американски боени бродови наречени по него

Претседателот Доналд Трамп го поврзува своето име со нова класа американски боени бродови со нуклеарни способности

December 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?