Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: EУ не може да се договори ниту за промена на времето
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > EУ не може да се договори ниту за промена на времето
СВЕТ

EУ не може да се договори ниту за промена на времето

Објавено March 14, 2025 18:51
Сподели
Сподели

 Предлогот за укинување на сезонската промена на времето и натаму е на листата на задачи во Програмата за работа на Европската комисија, изјави портпаролката на ЕК за клима, енергија, домување, животна средина и оданочување Ана-Кајза Итконен.   

– Тој е се уште е на листата и е во Парламентот и Советот за расправа. Не сме го повлекле, иако е точно дека помина низ неколку обиди за усвојување во текот на изминатите години, изјави Итконен во одговор на новинарско прашање дали меѓу претходно доставените предлози за усвојување што ги повлекла Еврокомисијата е и иницијативата со која се предлага укинување на практиката за промена на времето на зимско и летно сметање. 

Итконен истакна дека тоа е едно од прашањата за кое земјите членки не можат да се усогласат, но дека предлогот останува.   

– За две недели останува одново да ги поместиме часовниците за да ги прилагодиме на новото време, додаде Итконен. 

Главната портпаролка на Европската комисија, Паула Пињо појасни дека во рамки на својата политика за поедноставување, ЕК решила да ги повлече сите предлози доставени пред најмалку пет години, за кои Европскиот парламент и Советот на ЕУ се уште не постигнале договор за нивно усвојување. 

Според Пињо, иако предлогот за укинување на сезонската промена на времето е стар шест години, тој сепак не е меѓу повлечените иницијативи. 

Минатата недела полскиот министер за развој Кжиштоф Пашик најави дека Полска во својство на претседавач со Советот на ЕУ, презема конкретни чекори за укинување на практиката за промена на времето на зимско и летно сметање и за воспоставување на единствена временска зона во текот на целата година.  

Пашик изјави дека укинувањето на сезонското поместување на стрелките на часовниците претставува „социјално и економско прашање“ и соопшти дека за ова веќе разговарал со еврокомесарот за транспорт и туризам Апостолос Ѕиѕикостас и „го убедил“ да не ја отстранува иницијативата за укинување од Работната програма на Комисијата за 2025 година.  

– Поради економските врски, од суштинско значење е да се постигне консензус на сите земји членки на ЕУ за ова прашање, додаде Пашик.  

Следната промена на времето ќе се случи во ноќта меѓу 29 и 30 март, кога часовниците во 2 часот ќе се поместат за еден час понапред

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Словенката Превц постави светски рекорд во скијачки скокови
Следна Статија И газдата на Пуцко Петрол оди во притвор

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Франција доби нова влада, Лекорну ветува дека ќе избегне политичка криза

Француското претседателство денеска го откри составот на новото владино тело, предводено од премиерот Себастијан Лекорну, во кое има и познати…

October 13, 2025
СВЕТ

Путин предупреди: Трета светска војна ни е пред нос

Претседателот на Русија, Владимир Путин во вчерашното обраќање на Меѓународен економски форум во Санкт Петербург изрази загриженост поради глобалните тензии…

June 21, 2025
СВЕТ

„Њујорк тајмс“: Трамп го поддржува планот за предавање на Донбас во замена за мир

Претседателот на САД, Доналд Трамп, поддржува план за завршување на војната, според кој Украина би отстапила дел од својата територија…

August 17, 2025
СВЕТ

Орбан: Евентуалното членството на Украина во ЕУ ќе и наштети на Унгарија и ќе има последици по Европа

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан повторно го критикуваше евентуалното членство на Украина во Европска Унија и најави дека „сè ќе…

June 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?