Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Трамп му забрани на Харвард да прима странски студенти
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Трамп му забрани на Харвард да прима странски студенти
СВЕТ

Трамп му забрани на Харвард да прима странски студенти

Објавено May 23, 2025 09:02
Сподели
Сподели

Администрацијата на Доналд Трамп соопшти дека го одзела правото на Харвард да запишува странски студенти по ескалацијата на борбата меѓу претседателот и престижниот универзитет.

– Со стапување во сила веднаш, сертификацијата за Програмата за студенти и посетители на размена (SEVIS) на Универзитетот Харвард е одземена – напиша министерката за внатрешна безбедност Кристи Ноем во писмо до институцијата од Ајви лигата, осврнувајќи се на главниот систем преку кој на странските студенти им е дозволено да студираат во САД.

Околу 7.000 странски студенти биле запишани на Харвард минатата академска година, покажуваат податоците на универзитетот, што сочинува 27,2% од неговите студенти.

Американската влада минатиот месец му се закани на Харвард со забрана на прием на странски студенти откако оттаму кажаа дека нема да потклекнат пред барањата на Трамп и беа замрзнати федерални средства за институцијата од 2,2 милијарди долари.

Белата куќа претходно испрати листа на барања до Харвард, чија цел е борба против антисемитизмот во кампусот. Тие вклучуваа промени во управувањето, праксите на вработување и во процедурите на запишување. Харвард ги одби барањата и ја обвини Белата куќа дека се обидува да го стави под своја контрола.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Холандската централна банка до граѓаните: Секое домаќинство да има кеш – 70 евра по возрасен
Следна Статија Бизнис во Бања Лука: Брачен пар продавале кокаин на тезга за крофни

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Трамп за денеска најави средба меѓу руски, украински и американски претставници

Американскиот претседател Доналд Трамп најави синоќа „состанок во Минхен в петок, на високи претставници од Русија, Украина и САД“. Во…

February 14, 2025
СВЕТ

Трамп: Постојат 25 проценти веројатност состанокот во Енкориџ да не успее, Путин е подготвен на договор

Американскиот претседател Доналд Трамп процени дека постои 25 проценти ризик неговиот состанок со рускиот претседател Владимир Путин утре во Алјаска,…

August 14, 2025
СВЕТ

Украинците за прв пат објавија фотографии: Ова е новата ракета на Путин

Објавени се фотографии од остатоците од новата експериментална руска ракета која беше пробно лансирана во четвртокот, погодувајќи фабрика во Украина.…

November 25, 2024
СВЕТ

Џеј Ди Венс: Преговараме за крај на војната, тоа не е попуштање пред Русите

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс одговори на тврдењата дека администрацијата на Трамп попушта пред Русија. Ние преговараме за крај на…

February 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?