Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Трамп му се смее на Маск дека ќе формира нова партија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Трамп му се смее на Маск дека ќе формира нова партија
СВЕТ

Трамп му се смее на Маск дека ќе формира нова партија

Објавено July 7, 2025 08:23
Сподели
Сподели

Американскиот претседател Доналд Трамп ги оцени плановите на Илон Маск за формирање нова политичка партија како апсурдни, додавајќи дека Америка функционира најдобро во рамките на двопартиски систем.

Еден ден откако Маск го ескалираше конфликтот со Трамп објавувајќи создавање на нова партија, новинарите го прашаа американскиот претседател за коментар пред неговото заминување од Мористаун, Њу Џерси, каде што беше во посета на локален голф-клуб.

– Мислам дека е апсурдно да се создава трета партија. Имаме огромен успех со Републиканската партија. Демократите ја изгубија насоката, но секогаш постоел двопартиски систем, и создавањето трета партија само предизвикува конфузија, изјави Трамп. – Системот е создаден за две партии. Третите партии никогаш не функционирале, па Маск може да се забавува со тоа, но мислам дека е апсурдно, додаде тој.

Маск во саботата објави формирање на партијата „Америка“ во одговор на законот за намалување на даноците и трошоците предложен од Трамп, за кој милијардерот тврди дека ќе ја доведе земјата до банкрот. Маск, кој беше главен советник на Трамп за реформи во федералната влада на почетокот на неговиот мандат, изјави дека неговата партија ќе се обиде да ги отстрани републиканските конгресмени кои го поддржаа законот, наречен „Големиот прекрасен закон“, на идните избори.

Министерот за финансии Скот Бесент за Си-Ен-Ен изјави дека управните одбори на компаниите на Маск, „Тесла“ и „СпејсИкс“, веројатно би сакале тој да се фокусира на бизнисот, а не на политиката. – Претпоставувам дека одборите не беа задоволни од вчерашното соопштение и ќе го охрабрат да се концентрира на бизнисот, рече Бесент.

Маск потроши стотици милиони долари за поддршка на кампањата за реизбор на Трамп во 2024 година, често појавувајќи се покрај него во Белата куќа, но несогласувањата околу законот за трошоците доведоа до разидување. Законот, кој намалува даноци и зголемува трошоци за одбрана и гранична безбедност, беше усвоен минатата недела во Конгресот, но критичарите тврдат дека ќе го зголеми буџетскиот дефицит.

Трамп изјави дека Маск е незадоволен поради укинувањето на даночните олеснувања за електричните возила на „Тесла“, а во одговор на критиките закани дека ќе ги укине државните договори и субвенции за „Тесла“ и „СпејсИкс“

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Денеска е голем празник: За многу години „Иванден“
Следна Статија Падна договор меѓу Арсенал и Ѓекереш

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Прага ги забрани ноќните туристички обиколки во баровите: „Не ги сакаме тие што доаѓаат да се опијанат“

Прага ги забрани турите во барови организирани од туристички компании, во обид да ја спречи бучавата што ја создаваат пијаните…

October 15, 2024
СВЕТ

Bild: Крадците на накит од Лувр се обидоа да го продадат пленот на Израелците

Крадците кои упаднаа во Лувр во Париз на 19 октомври и украдоа накит се обидоа да ги продадат украдените предмети…

November 1, 2025

Нови израелски напади врз Иран

  Израелските одбранбени сили (ИДФ) рано утринава објавија дека започнале со нови напади врз инфраструктурата во Иран. „ИДФ започна широк…

March 6, 2026
СВЕТ

Winapp: Нов командно-линиски алат на Microsoft за програмери

Microsoft претставува иновативна алатка за развој кој ќе го олесни работењето на програмерите

January 24, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?