Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Трамп наредил напади врз Венецуела
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Трамп наредил напади врз Венецуела
СВЕТ

Трамп наредил напади врз Венецуела

Објавено January 3, 2026 10:26
Сподели
Сподели

Претседателот на САД Трамп наредил напади врз локации во Венецуела, вклучувајќи ги и воените објекти, изјавија американски официјални претставници за Си-Би-Ес њуз, откако разо изутрината одеканаа експлозии во венецуелскиот главен град Каракас, а беа забележани авиони во низок лет.

Претседателот на Венецуела Николас Мадуро прогласи вонредна состојба во земјата. Канцеларијата на Мадуро соопшти дека се нападнатаи главниот град на Венецуела и регионите Миранда, Арагуа и Гуара.

Венеуцелските власти за нападите ги обвинуваат САД, нагласувајќи дека „Венецуела ја отфрла американската агресија“.

– Целта на американскиот напад е да ни ја одземе нафтата и природните ресурси. Сепак, САД нема да успеат да ни го одземат богатството, се нагасува во соопштението.

Венецуелската влада ги повика сите политички и општествени сили во земјата да се мобилизираат.

Најмалку седум експлозии одекнаа утрово во венецуелската престолнина, Каракас, а биле забалежани и авиони во низок лет. Експлозиите се случија околу 2:00 часот по локално време (7:00 часот по 2 часот наутро (7 часот наутро по централноевропско време).

Луѓето во паника излегоа од своите домови на улиците. Јужниот дел од Каракас, вклучувајќи ја и областа во близина на голема воена база, е без струја.

Фотографии објавени од колумбиската телевизиската станица NTN24 покажуваат густ чад над Каракас, видлив и во областа на аеродромот Карлота.

На видео, пак, емитувано од каналот VPItv се гледаат неколку хеликоптери како летаат над градот ноќе.

Ова се случува откако американската морнарица нападна неколку венецуелски бродови за кои се тврди дека носеле дрога.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, со месеци се заканува дека наскоро би можел да нареди напади врз копнени цели во Венецуела. Минатата недела, за време на средбата во Флорида со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, Трамп потврди дека американските сили нападнале пристаниште во Венецуела кое се користи за трговија со дрога.

Венецуела вчера соопшти дека е отворена за разговори со САД за борба против трговијата со дрога.

Сепак, венецуелскиот претседател Николас Мадуро во претходно снимено интервју објавено во четврток изјави дека САД сакаат да изнудат промена на владата во Венецуела и да добијат пристап до нејзините огромни нафтени резерви преку повеќемесечна кампања за притисок што започна во август со масовно воено распоредување во Карипското Море.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Муамер Сефери од „Вреди“ е нов в.д директор на „Паркови и зеленило“
Следна Статија Мадуро прогласи вонредна состојба во Венецуела по експлозиите во Каракас

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Зеленски во Минхен рече дека Украина е подготвена за вистински разговори

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на прес-конференција денеска рече дека е отворен за преговори, но дека очекува исклучително тешки мировни преговори…

February 14, 2025
СВЕТ

Почнаа преговорите Киев-Вашингтон, „Украина е спремна на сѐ за мир“

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека Москва очекува САД да ја информираат Русија за американско-украинските разговори. Украина сака мир…

March 11, 2025
СВЕТ

Орбан: Европејците избраа војна, Унгарија мора да каже „не“

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави денеска дека војната претставува голем ризик за Унгарија, бидејќи, како што рече, „за разлика од…

January 31, 2026
СВЕТ

Маск го нарече советникот на Трамп „идиот“

Илон Маск му возврати на Питер Наваро, еден од главните советници на актуелниот американски претседател Доналд Трамп, нарекувајќи го „идиот“.…

April 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?