Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Трамп нема да присуствува на свадбата на својот син поради државни обврски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Трамп нема да присуствува на свадбата на својот син поради државни обврски
ЗАБАВА

Трамп нема да присуствува на свадбата на својот син поради државни обврски

Објавено May 23, 2026 10:16
Сподели
Сподели

Претседателот на САД Доналд Трамп соопшти дека нема да присуствува на претстојната свадба на својот најстар син Доналд Трамп Помладиот со Бетина Андерсон, истакната претставничка на високото општество од Палм Бич, поради итни државни обврски во Вашингтон.

Иако многу сакав да бидам покрај мојот син Дон Помладиот и најновиот член на семејството Трамп, неговата идна сопруга Бетина, околностите поврзани со управувањето на земјата и мојата љубов кон САД не ми дозволуваат да присуствувам. Сметам дека е од клучна важност да останам во Белата куќа во овој толку важен момент, напиша американскиот претседател на својата социјална мрежа „Трут сошл“.

Свадбената церемонија ќе се одржи викендов на мал остров на Бахамите, пренесува Си-Ен-Ен, повикувајќи се на добро информирани извори. Двојката веќе и официјално ја регистрирала граѓанската брачна врска, што е видливо од венчалниот лист издаден во округот Палм Бијч на Флорида. Од опкружувањето на Трамп Помладиот засега нема официјален коментар.

Претседателот Трамп претходно пред новинарите изјави дека неговиот син силно посакувал тој да биде присутен, но набрзо по покренувањето на прашањето, ја оцени темата како „незначителна лична работа“. Како главна причина за останувањето во Вашингтон, Трамп ги наведе акутните надворешнополитички предизвици.

На дневен ред го имам Иран и други големи проблеми, посочи републиканскиот претседател, во контекст на тензиите на Блискиот Исток и безбедноста на клучните пловни патишта каде што се наоѓа и стратешки важната Ормуска Теснина.
Американската администрација во моментов води индиректни дипломатски преговори со Техеран преку Пакистан, со цел да се стави крај на воениот конфликт со Исламската Република, кој започна на 28 февруари. Според официјалните измени во неговиот протокол, Трамп го откажал планираниот престој во својот голф-клуб во Бедминстер, Њу Џерси, за веднаш да се врати во Белата куќа.

За Доналд Трамп Помладиот ова ќе биде трет брак. Со претходната сопруга Ванеса, актерка и поранешен модел, беше во брак 12 години и заедно имаат пет деца, пред таа да поднесе барање за развод во 2018 година. Потоа, тој беше верен со познатото американско ТВ-лице Кимберли Гилфојл, со која се раздели во 2024 година.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ангелов: Апашов ви е туристички водич кај Папата, подобро Заев да го земевте он је много шетаоо!
Следна Статија Унгарија го забрани увозот на земјоделски производи од Украина

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Орбан: Додека Трамп е претседател, нема да има санкции за Унгарија

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека американските санкции за рускиот гас и нафта нема да бидат воведени за Унгарија…

November 10, 2025
ЗАБАВА

„Таа вечер имаше посебна енергија, чувствувавме како да е последен пат“, емотивна објава на гитаристот Горан Тонев шест месеци по трагедијата во „Пулс“

Горан Тонев, гитарист на групата „ДНК“ и еден од преживеаните од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, денес преку социјалните…

September 16, 2025
ЗАБАВА

(Видео) Принцот Вилијам јавно го спомна својот брат Хари за првпат по шест години

Документарен филм во два дела насловен „Принц Вилијам: Можеме да ставиме крај на бездомништвото“ ќе биде прикажан на британската ИТВ…

October 27, 2024
ЗАБАВА

Телохранител пронајден мртов: Ги чувал Бекамови, Шварценегер, Џони Деп

Поранешниот телохранител на Дејвид и Викторија Бекам, Крег Ајнсворт, е пронајден мртов во Шпанија. Како што пренесуваат светските медиуми, ​​Крег…

April 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?