Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Трамп: Одбраната на Гренланд е две кучиња и санка!
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Трамп: Одбраната на Гренланд е две кучиња и санка!
СВЕТ

Трамп: Одбраната на Гренланд е две кучиња и санка!

Објавено January 12, 2026 14:30
Сподели
Сподели

Американски официјални лица ќе се сретнат со дански претставници во среда за да разговараат за иднината на Гренланд, објавија извори од Белата куќа. Состанокот следи по отвореното одбивање на претседателот Доналд Трамп за каков било компромис, инсистирајќи дека САД мора целосно да го стекнат островот.

„Ако не дејствуваме, Русија или Кина ќе се вмешаат“, предупреди Трамп во неделата навечер на летот со Air Force One, отфрлајќи ја одбраната на Гренланд како малку повеќе од „две кучиња и санка“.

Иако состанокот, првично објавен од CBS News, не е официјално соопштен, тој доаѓа по неколку дена на ескалирачки тонови од Трамп, кој ја оживеа својата намера да го купи најголемиот остров во светот и не исклучи употреба на сила.

Секретарот за надворешни работи Марко Рубио минатата недела на Конгресот потврди дека Трамп сè уште е заинтересиран за купување на Гренланд. Потоа, Белата куќа соопшти дека официјални лица разгледуваат широк спектар опции, вклучително и можност за воена акција.

Трамп го засили својот став и во петок, на средба со нафтени извршни директори: „Би сакал да склучиме договор, знаете, на лесен начин. Но ако не можеме лесно, ќе го направиме на тежок начин“, рече претседателот.

Во интервју за The New York Times, Трамп посочи дека сопственоста над Гренланд е важна бидејќи е „психолошки потребна за успех“ и повторно ја истакна важноста на островот за американската одбрана. „Сопственоста дава нешта што не можете да ги добиете само со потпишување документ“, рече тој.

Претседателот дополнително потенцираше дека администрацијата не е заинтересирана за изнајмување, туку за целосно стекнување на Гренланд. „Гренланд треба да го направи договорот затоа што не сака да види Русија или Кина да превземат контрола“, предупреди Трамп, додавајќи дека воените активности на Русија и Кина во Арктикот ги ограничуваат опциите на САД.

Коментарите на Трамп предизвикаа директен отпор во Конгресот, а сенаторот Тим Каин најави дека законодавците ќе дејствуваат за да го блокираат секое можно воено дејствување против Гренланд или Данска. Други демократи предупредија дека анексијата на Гренланд би можела да ја активира обврската за колективна одбрана на НАТО, што значи дека сојузниците би биле приморани да реагираат.

Данскиот премиер Мете Фредериксен и лидерите на Гренланд јасно одбија каква било американска иницијатива. „Не сакаме да бидеме Американци, не сакаме да бидеме Данци, сакаме да бидеме Гренландци“, порачаа тие.

Состанокот во среда засега покажува иницијална комуникација, а не решение. Меѓутоа, со отворената можност за сила, заканите од Конгресот и прашањата околу единството на НАТО, Гренланд се претвори од маргинална идеја во реален геополитички тест за администрацијата на Трамп.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Гаши повика на договор за избор на Народен правобранител: Нов оглас би го блокирал процесот
Следна Статија Судскиот совет ја одби претставката на Љупчо Палевски-Палчо

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Тригодишно девојче се застрелало со пиштол што го нашла во собата на нејзините родители во Италија

Девојче (3) се застрела во глава со пиштол што го нашла на ноќната маса во спалната соба на нејзините родители…

January 14, 2025
СВЕТ

Докторот кој му продавал „Кетамин“ на Метју Пери, осуден на 2,5 години затвор

Околу две години по смртта на ѕвездата од „Пријатели“, Метју Пери, суд во Калифорнија го осуди Салвадор Пласенсија – еден…

December 4, 2025
СВЕТ

Турскиот суд му одреди притвор на градоначалникот на Истанбул

Турскиот суд нареди градоначалникот на Истанбул Екрем Имамоглу, водечки противник на претседателот Реџеп Тајип Ердоган, да биде задржан во притвор,…

March 23, 2025
СВЕТ

Трамп вели дека Русија и Украина се „многу блиску до договор“

Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека Русија и Украина се приближуваат кон мировен договор, повикувајќи ги двете страни да се…

April 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?