Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Трамп: Разочаран сум поради Зеленски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Трамп: Разочаран сум поради Зеленски
СВЕТ

Трамп: Разочаран сум поради Зеленски

Објавено December 8, 2025 09:22
Сподели
Сподели

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не е сигурен дали украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе го прифати новиот американски предлог за завршување на руската агресија врз Украина. Тој потврди дека САД веќе разговарале и со рускиот претседател Владимир Путин, но и со украинските претставници, вклучително и со самиот Зеленски.

„Морам да кажам дека сум малку разочаран што претседателот Зеленски сè уште го нема прочитано предлогот, иако му беше испратен пред неколку часа“, рече Трамп.

Според него, Москва формално би сакала да ја контролира цела Украина, но „Русија, верувам, е во ред со предлогот“. Тој додаде дека не е сигурен дали Киев ќе се согласи.

Во меѓувреме, на Флорида, специјалниот пратеник на Трамп, Стив Виткоф, и неговиот зет Џаред Кушнер од четвртокот одржуваат серија состаноци со украински претставници. Меѓу нив биле поранешниот министер за одбрана Рустем Умеров и началникот на Генералштабот Андриј Хнатов. Пред тоа, делегацијата на Трамп имала петчасовна средба во Москва со рускиот претседател Владимир Путин.

При крајот на разговорите на Флорида, Зеленски телефонски се приклучил на средбите, оценувајќи ги како „конструктивни“. Во своето редовно видео-обраќање, украинскиот претседател нагласи дека САД „ги знаат основните украински ставови“.

„Разговорот беше конструктивен, иако не и лесен“, додаде Зеленски.

Сè уште не е познато како се развивал американскиот мировен план од 28 точки во изминатите три недели, но неколку клучни прашања остануваат нерешени – статусот на окупираните територии и евентуалните американски безбедносни гаранции за Украина.

Москва, пак, тврди дека е подготвена за преговори и обвинува дека Украина и Западот го блокираат мирниот процес. Киев и неговите сојузници возвраќаат дека Русија ја користи дипломатијата за да ги зацементира територијалните придобивки од војната.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија На граничните премини Дојран и Табановце чекање до 40 минути, магла на Ѓавато и Пресека
Следна Статија Александар Пантоха со изјава по шокантната повреда што го заврши неговото владеење со титулата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

(Видео) Голем протест во Анкара: „Се случува државен удар против идниот претседател“

Десетици илјади луѓе протестираа вчера во турската престолнина Анкара против судскиот случај што може да доведе до отстранување на лидерот…

September 15, 2025
СВЕТ

Убава водителка му ја одзема пушката на војник- сцената од Сеул го обиколи светот (ВИДЕО)

Ан Гви-рјонг, портпаролка на главната опозициска Демократска партија и поранешна водителка на телевизијата ИТН, се бореше со вооружен војник за…

December 5, 2024
СВЕТ

(ВИДЕО) Дете извлечено од урнатините три дена по земјотресите во Венецуела

Единаесетгодишно дете е извлечено живо од урнатините на Карабаледа, на северот од Венецуела, три дена по смртоносните земјотреси што го…

June 28, 2026
СВЕТ

(ВИДЕО) Пукање на дописничката вечера на Белата куќа – Трамп е неповреден и евакуиран, осомничениот е во притвор

Американскиот претседател Доналд Трамп и сопругата Меланија се евакуирани од вечерата на дописниците од Белата куќа во саботата навечер по…

April 26, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?