Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Трамп: Хамас има три или четири дена да одговори, ако не го стори тоа ќе биде тажен крај
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Трамп: Хамас има три или четири дена да одговори, ако не го стори тоа ќе биде тажен крај
СВЕТ

Трамп: Хамас има три или четири дена да одговори, ако не го стори тоа ќе биде тажен крај

Објавено September 30, 2025 18:14
Сподели
Сподели

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека палестинската милитантна група Хамас има околу три или четири дена да одговори на неговиот мировен предлог за Појасот Газа или ќе се соочи со последиците.

На заминување од Белата куќа, Трамп им рече на новинарите дека израелските и арапските лидери го прифатиле планот и дека само се чека Хамас. Тој рече дека Хамас има околу „три или четири дена“ да одговори.

„Хамас ќе го стори тоа или не, а ако не го стори тоа, тоа ќе биде многу тажен крај“, рече тој. На прашањето дали има простор за преговори за мировен план, Трамп одговори: „Не многу“.

Мировниот план на Белата куќа за Газа предвидува, меѓу другото, крај на конфликтот меѓу Израел и Хамас и враќање на сите заложници, мртви или живи, во рок од 72 часа откако Израел јавно ќе го прифати договорот. Откако ќе бидат ослободени заложниците, Израел, според американскиот план, би ослободил повеќе од 1.000 палестински затвореници, вклучувајќи неколку стотици осудени на доживотен затвор.

Палестинската територија би била управувана од привремена „технократска и аполитична“ влада која би управувала со секојдневните работи. Хамас би бил исклучен од таа влада. Привремената влада предвидена со американскиот предлог би била под надзор на „мировен комитет“ со кој претседава самиот Доналд Трамп, а во кој би играл улога и поранешниот британски премиер Тони Блер.

Планот наведува дека „членовите на Хамас кои ќе се обврзат на мирен соживот со Израел и ќе го предадат своето оружје ќе бидат амнестирани“, а оние кои „сакаат да ја напуштат Газа ќе имаат заштитен премин до нивните земји на дестинација“, пренесуваат светските медиуми

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Герасимовски: Обезбедуваме бесплатни дополнителни часови за учениците во Центар
Следна Статија Протест на вработените во „Паркови и зеленило“, „Флораком“ и „Луна“, од утре блокади низ Скопје

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Рубио: Сите членки на НАТО ќе издвојуваат 5 проценти од БДП за одбрана

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека на претстојниот самит на НАТО во јуни, сите негови членки ќе се согласат…

May 16, 2025
СВЕТ

Шефот на ОН: Американскиот напад може да доведе до катастрофални последици

Генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш, го прогласи американскиот напад врз Иран за „опасна ескалација во регион кој веќе…

June 22, 2025
СВЕТ

(Видео) Трамп: Оставив инструкции во случај Иран да ме убие, тие ќе бидат избришани од лицето на земјата

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека им наредил на своите советници да го уништат Иран во случај на атентат…

February 5, 2025
СВЕТ

Домот на Нетанјаху бил погоден со дрон

Домот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во северниот израелски град Цезареја бил погоден од дрон, изјави неговиот портпарол. Премиерот не…

October 19, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?