Забележан е историски успех за македонската атлетика, откако Андреас Трајковски се пласираше во финалето во скок во далечина на Европското првенство во сала!
Македонскиот репрезентативец, кој е член на АК Работнички, со нов национален рекорд во сала со скок од 7 метри и 85 сантиметри го освои седмото место со што обезбеди место во финалето на Европското првенство во сала кое се одржува во Апелдорм, Холандија.
Во првата серија Андреас прескокна 7.51 метар, во втората 7.77 метри и во третата серија 7.85 метри.
Ова е огромен успех за Андреас и Македонија, затоа што тој е прв македонски атлетичар што обезбедил финале на едно Европско Првенство во атлетика.