Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Трајко Славески ја презема функцијата Гувернер на Народна банка
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Трајко Славески ја презема функцијата Гувернер на Народна банка
ЕКОНОМИЈА

Трајко Славески ја презема функцијата Гувернер на Народна банка

Објавено May 30, 2025 13:29
Сподели
Сподели

Денес, во просториите на Народната банка, се одржа официјалната церемонија на примопредавање на функцијата гувернер, со што заврши мандатот на д-р Анита Ангеловска-Бежоска и започна мандатот на новоизбраниот гувернер, д-р Трајко Славески.

Во своето обраќање, д-р Ангеловска-Бежоска истакна дека изминатите години биле период на силни реформи, модернизација и одржување на макроекономската стабилност, дури и во време на сериозни светски предизвици. Таа изрази благодарност до вработените во Народната банка за нивната исклучителна посветеност, професионалност и за нивниот придонес во унапредувањето на институцијата, за што потврда се високите оценки од меѓународните финансиски институции. Исто така, таа му го честита мандатот на новиот гувернер и му посака успеси во остварувањето на законски дефинираните цели на Народната банка, како професионална, независна и кредибилна институција.

Д-р Трајко Славески, новоизбраниот гувернер на Народната банка, истакна: „Преземањето на функцијата гувернер ја носи со себе големата одговорност за водење на една од најважните институции во земјата. Ќе се залагам за натамошно зајакнување на стабилноста на макроекономското и финансиското опкружување, со политики коишто се темелат на професионалност, аналитичка аргументираност и транспарентност. Ќе работам посветено на јакнење на довербата на јавноста и на меѓународните партнери во Народната банка, градејќи визија којашто им одговара на предизвиците на современото време и на потребите на нашата економија.“

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Средба Муцунски – Џејмисон Грир: Постигнавме конкретен напредок во преговорите за намалување на тарифите
Следна Статија Пендаровски: Овој договор со Обединетото Кралство не е договор!

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Идни договори за акции се речиси непроменети по рекордот на Dow

30-те акции на Dow го допреа историскиот врв во понеделникот и се затворија на рекордно ниво додека нафтените имиња пораснаа

January 7, 2026
ЕКОНОМИЈА

Акциите на Nike паѓаат остро поради слабата продажба во Кина

Извршниот директор на произведувачот на спортска обувки и облека признава дека има потреба од 'ресетирање' во земјата додека истовремено се…

December 20, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски: В четврток средба во Солун со присуство на еврокомесарот за транспорт на која ќе биде потврдена важноста на инвестициите во Коридорот 10

Средба на највисоко ниво меѓу Македонија, Грција, Косово, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Хрватска, во присуство на европскиот…

June 14, 2026
ЕКОНОМИЈА

ШЕСТ МЕСЕЦИ БЕЗ ПЛАТА: Вработени во Клиниката за детски болести на протест пред Финансии

Од почетокот на годината не примиле плата. Дополнително, велат дека добиле негативен одговор од Министерството за финансии за продолжување на…

June 5, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?