Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Пендаровски: Овој договор со Обединетото Кралство не е договор!
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Пендаровски: Овој договор со Обединетото Кралство не е договор!
ПОЛИТИКА

Пендаровски: Овој договор со Обединетото Кралство не е договор!

Објавено May 30, 2025 13:47
Сподели
Сподели

Владата најави стратешки договор со Обединетото Кралство, но досега видовме само меморандум за соработка. Во она што го видовме, нема ништо стратешко, вели во интервју за „Дојче Веле“ поранешниот претседател Стево Пендаровски.

„Договор за стратешко партнерство меѓу Македонија и Велика Британија не е потпишан.Тоа што ни е дадено на увид и што е ратификувано во средата попладне, не е договор за стратешко партнерство“, вели Пендаровски.

„Тоа, според својата содржина, може да биде меморандум за соработка, дури и почетно писмо за намери во кои двете влади набројуваат четири области во кои допрва треба да седнат работни групи и да прецизираат какви проекти би работеле. И според таа содржина генерална, не станува збор за ништо стратешко туку станува збор за кредитирање на проектите кои допрва ќе бидат прецизирани од двете страни- британско кредитирање за инфраструктурни проекти во Македонија.

Тие најавуваат дека е можно да постои втор договор по овој кој би бил за стратешките аспекти на нашите билатерални односи со Лондон. Да сме живи и здрави можеби и тоа еден ден ќе биде. Но, ова нема врска со никаква врска со стратегија, тоа е начелен договор допрва да седнеме и да видиме што вам ви треба за кредитирање“, вели Пендаровски.

Пендаровски е последен од низата зачудени во земјата од содржината на тоа што беше ставено на гласање во македонското Собрание на неколку странички, без рокови и без конкретни детали. Уште повеќе прашање е дали договорот е воопшто валиден во Обединетото Кралство бидејќи на англиската копија потписот на Александар Николоски стои зад описот „потпретседател на Македонија“, функција што не постои во нашата држава – а сепак таков беше изгласан во Собранието. Ваков аматеризам нема ни во грантовите што британската амбасада ги дава на невладините и медиумите во земјава.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трајко Славески ја презема функцијата Гувернер на Народна банка
Следна Статија Митева: Оперативниот план опфаќа и обуки за жени и млади до 29 години, во рок од 3 месеци со месечен надомест од 12.000 денари

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Герасимовски: Центар е во сигурни раце, ќе ги исполнам сите ветувања

Центар го подигаме на ново, повисоко ниво. Продолжуваме да ја пишуваме нашата заедничка нова приказна. Вечер славиме, а од утре…

November 3, 2025
ПОЛИТИКА

Кузеска: Врв на неспособност, граѓаните едвај врзуваат крај со крај а власта им вели „немаме магично стапче“

Додека власта сака да им каже на луѓето дека не знаат како живеат, дека цените не растат, дека не е…

August 28, 2025
ПОЛИТИКА

Бојан Јовановски: Бев будала што верував во Шарената револуција, тие што дојдоа беа гладни и жедни за власт

Бојан Јовановски ја отвори душата за „ТВ Пинк“ и и по толку време ги раскажа деталите што му претходеа на…

September 17, 2025
ПОЛИТИКА

Каранфилова Пановска: ВМРО-ДПМНЕ не испорача никакви резултати

ВМРО-ДПМНЕ не испорача никакви резултати, единствено што прави е креирање конфликти, поларизирање и правење поделби во општеството, а не прави…

July 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?