Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Трендафилов: Македонските работници имаат мизерни плати, а се продуктивни многу повеќе од што се платени
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Трендафилов: Македонските работници имаат мизерни плати, а се продуктивни многу повеќе од што се платени
ЕКОНОМИЈА

Трендафилов: Македонските работници имаат мизерни плати, а се продуктивни многу повеќе од што се платени

Објавено October 3, 2025 18:13
Сподели
Сподели

Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов, синоќа со остра реакција на социјалните мрежи обвини дека се навредува интелигенцијата на работниците, тврдејќи дека тие се далеку попродуктивни отколку што се платени за својот труд.

Според неговата анализа, македонските работници имаат „мизерни плати“, иако со својата работа создаваат вредност која покрива многу повеќе од нивните лични примања.

„Ваквите податоци покажуваат дека еден работник е толку многу продуктивен што си ја заработува својата плата, ги заработува платите на директорите и менаџерите, заработува за џип и стан за газдата, заработува за инвестициите на газдата и на газдата му заработува уште околу едногодишна работничка плата“, напиша Трендафилов.

Тој ја илустрираше поентата дека работникот, освен што ги покрива сите трошоци на компанијата, на сопственикот му остварува и екстра профит во висина на една просечна годишна минимална плата.

Својата објава претседателот на ССМ ја завршува со саркастична забелешка упатена до оние кои, како што вели, се прават дека веруваат во спротивното.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Гневот кон ВМРО-ДПМНЕ од коалицијата помеѓу СДСМ, ДУИ и ЛЕВИЦА е огромен
Следна Статија Хамас се согласи да ги ослободи сите заложници по ултиматумот на Трамп

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Пензионерите мартовската пензија ќе ја добијат повисока за 2.500 денари

Со мартовската пензија, која ќе им биде исплатена на крајот на март или на почетокот на април, пензионерите ќе го…

March 14, 2025
ЕКОНОМИЈА

Потврда стигна и од М-НАВ: Ставен во функција радарот на скопскиот аеродром

М-НАВ АД Скопје соопшти дека е ставен во функција радарот на скопскиот аеродром. Во текот на изминатите три дена, како…

September 25, 2025
ЕКОНОМИЈА

(ВИДЕО) Петрушевски: Трошоците за храна и пијалоци се намалени за 1000 денари, мерките на владата даваат резултат

Трошоците за храна и пијалоци се намалени за 1000 денари, мерките на владата за намалување на цените даваат резултат. Синдикалната…

October 27, 2024
ЕКОНОМИЈА

Кафето во Европа поевтини по долгиот раст на цените

По долг период на силен раст, цените на кафето во Германија регистрираа мал пад. Големите малопродажни синџири, вклучувајќи ги Лидл,…

October 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?