Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Трендафилов од Штип: Минималната плата мора веднаш да се зголеми
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Трендафилов од Штип: Минималната плата мора веднаш да се зголеми
ЕКОНОМИЈА

Трендафилов од Штип: Минималната плата мора веднаш да се зголеми

Објавено October 4, 2025 15:59
Сподели
Сподели

Минималната плата во државата мора веднаш да биде зголемена, порача денеска претседателот на Сојуз на синдикати на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов, кој денеска присуствуваше на дебата на „Текстилијада 9“ во Штип. Трендафилов посочи дека еден работник работи за себе, за работодавачот, за менаџерскиот тим, а сепак добива плата од близу 400 евра со која не може да се преживее месецот.

-Минималната, но и сите останати плати мора веднаш да се зголемат. Еден работник според последните податоци од Народната банка заработува на својот работодавач меѓу 300 и 600 илјади денари. Тој доаѓа на работа, работи за себе, ја заработува платата на директорот, на менаџерскиот тим, заработува за инвестиции, коли, викендици за работодавачот, рече Трендафилов.

Додаде дека две минимални плати не можат да ја покријат минималната синдикална кошничка, со што се вклучува алрамот за покачување на минималната плата. Забележа дека 500 евра се минималните плати во регионот со што младите не мораат да заминуваат на печалба во Германија, туку повеќе може да заработуваат во Србија, Босна и Херцеговина дури и во Албанија.

-Вредноста на синдикалната минимална кошница, која се пресметува од 2011 година беше основа за носење на Законот за минимална плата. До денеска се органзиирани 22 протести и два штрајка со цел да им се покаже на работодавачите дека минималната плата треба да биде зголемена на најмалку 500 евра со цел да може соодветно да се преживее месецот, изјави Трендафилов.

Што се однесува за потрошувачката кошничка, за која што премиерот Христијан Мицкоски има предлог да има кошнички за неколку групи, Трендафилов одговори дека синдикалната потрошувачка кошничка уште во 2011 година беше основа за носење на Законот за минимална плата и овозможи зголемување на работничките плати, а таа статистичка операција покажува и со колку пари еден работник не може да преживее. Во конкретниот случај, прецизира, 65.000 денари се минимумот за условите кои може да си ги дозволи едно четири члено семејство, а пак 100.000 денари се комотни да се живее исто, како што рече Трендафилов, како што живеат функционерите.

-Намерата на Владата да покаже дека ќе пресметува една, две, три или пет потрошувачки кошнички за различни категории на луѓе иако ние зборуваме како ССМ цело време дека ниту синдикалната минимална кошничка, ниту овие пет на Владата ќе ги прехранат семејствата во Македонија. Петсотини евра минимална е нешто што треба се случи уште вчера, имајќи во предвид дека на секаде во регионот ќе има покачување на најмалку 500, а најмногу 800 евра минимална плата, изјави Трендафилов.

Прашан зошто е закочен дијалогот за носење на новиот Закон за работни односи, Трендафилов одговори дека овој Закон е закочен веќе седум години.

-Ако седум години е времето ако едно новороденче тргнува во прво одделение на училиште, можеме да кажеме дека не можеме да зборуваме за апсолутно нов Закон. За жал, поради изборите во претходната година и поради изборите оваа година, апсолутно не се дискутира помеѓу за ниту едно прашање поврзано со Законот за работни односи. Меѓутоа, тоа што го видовме како опасност што го применува сегашната Влада, а го започна претходната, е тоа што со брзи измени на штета на работниците се прават дополнување на Законот за работни односи, кои не се во интерес на работниците. Тоа го започна претходната влада ако паметите со можноста „Бехтел и Енка“ работниците да работат и по 12 часа или повеќе од 70 часа неделно, што го нема никаде во светот, а и оваа Влада почна со некои такви измени, чекори без социјален дијалог за Законот за работни односи, изјави Трендафилов.

Претседателот на ССМ, порача дека по изборите секако треба да се разговара за нов Закон за работни односи или било какви измени и дополнувања на сегашниот, но забележа дека мора да има и дијалог меѓу власта и синдикатите, односно работниците.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Николоски најави поддршка од два милиона евра за дополнителни проекти во општина Кичево
Следна Статија Шукова од Кисела Вода: Имаме решенија загадувањето да не биде зимска судбина за Скопје

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Мицкоски верува дека земјава ќе биде во групата држави кои ќе имаат најповолни услови за извоз во САД

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција во Владата изрази уверување дека земјава ќе биде во групата држави кои ќе имаат…

July 7, 2025
ЕКОНОМИЈА

Ивановски: Железницата вози со 10 км/ч на пруги поставени во 60-тите

Македонските железници работат на пруги стари повеќе од половина век, со прагови поставени уште во шеесеттите години, возови што се…

November 23, 2025
ЕКОНОМИЈА

Ангеловска-Бежоскa: Извозот на услуги станува сѐ позначаен двигател на економскиот раст

Со трговска отвореност од над 150% од БДП и извоз на стоки и услуги од над 70% од БДП, нашата…

November 25, 2024
ЕКОНОМИЈА

Купувањето преку интернет е сигурно, но не преку социјалните мрежи

Притискањето на тастерот на компјутерот Ве воведува во светот на Интернетот, но и на електронската трговија или во виртуелните продавници.…

October 13, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?