Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Тренчевска: Жените не смеат да живеат во страв, институциите мора да преземат мерки за превенција и спречување на насилството
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Тренчевска: Жените не смеат да живеат во страв, институциите мора да преземат мерки за превенција и спречување на насилството
МАКЕДОНИЈА

Тренчевска: Жените не смеат да живеат во страв, институциите мора да преземат мерки за превенција и спречување на насилството

Објавено September 18, 2025 15:15
Сподели
Сподели

Пратеничката од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Јована Тренчевска, на денешната прес- конференција во Собранието, во име на Клубот на жени пратенички, повика на доследно почитување на законите, навремена и ефикасна реакција од сите надлежни институции за заштита, спречување и превенција од насилство врз жените.

Тренчевска посочи дека Клубот на пратенички едногласно ги поддржа измените на Кривичниот законик, со кои фемицидот за првпат се препознава и третира како кривично дело.

„Бараме од надлежните институции да ги преземат сите мерки за заштита на жртвите и превенција на фемицидот. Бараме од судските органи да ја имаат во предвид ратификуваната Истанбулска конвенција и одредбите од Кривичниот законик којшто се усогласени со истата“, изјави Тренчевска.

Оваа реакција доаѓа по двојното убиство во Велес, како и зачестените насилства врз жените што се случија во државата.

“Фемицидот е најтежок облик на насилство врз жените само затоа што се жени. Жените мора да се чувствуваат безбедно и сигурно а тоа треба да го обезбедат сите институции во државата“, рече Тренчевска.

Во своето обраќање, таа посочи дека насилството врз жените мора да биде јавно осудено и институционално санкционирано.

„Ние, жените од парламентот, едногласно, остро и силно ги осудуваме зачестените случаи не само на свирепо насилство, туку и на фемицид. Ова реакција на Клубот на жени пратеничкисакаме да допре до сите граѓани и до сите институции во државата со цел ефикасна превенција, заштита и спречување на насилството врз жените“, изјави Тренчевска.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ивановска: Неодговорноста и корупцијата се убијците на Росица и нејзиниот татко
Следна Статија Османи: Обвинувањата за коалиција со Левица се очајнички, ВЛЕН веќе го подготвува оправдувањето за пораз

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Во прекин сообраќајот на експресниот пат Штип – Велес во двата правца

На експресниот пат Штип – Велес попладнево се случила сообраќајна несреќа. Автомотосојузот на Македонија во вонреден извештај за состојбата на…

October 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Граѓаните фрлаа камења и го превртија возилото на сопственикот на „Пулс“

Во Кочани денеска се одржаа протести по несреќата во дискотеката „Пулс“ во која изби пожар во кој 59 лица го…

March 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

СНЕГ ПАЃА НА СТРАЖА – до вечерва се очекува снег на повеќе локации низ земјва, а можно е и низ градовите (ВИДЕО)

Снег вее на планинскиот превој Стража, а снимки од новиот снежен бран веќе се споделуваат на социјалните мрежи.  Како што…

April 6, 2025
МАКЕДОНИЈА

Денес е Светол Вторник, се верува дека е најсреќен ден во годината!

Македонската православна црква и нејзините верници го слават третиот ден Велигден, а според народното верување тој е најсреќниот ден во…

April 14, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?