Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Трипуновски: Со добра стратегија производството на тутун се зголеми, тоа ќе се случи и со лозарството и пченицата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Трипуновски: Со добра стратегија производството на тутун се зголеми, тоа ќе се случи и со лозарството и пченицата
ЕКОНОМИЈА

Трипуновски: Со добра стратегија производството на тутун се зголеми, тоа ќе се случи и со лозарството и пченицата

Објавено March 6, 2025 09:23
Сподели
Сподели

За да го мериме успехот на Владата мораме да почекаме да помине една производна година и да ги споредиме производствените количини и капацитети со претходната година“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во „Тема на денот“ на Сител телевизија.

„Јас ќе ви кажам еден пример каде што сме на вистински правец на движење, минатата година уште во техничка Влада, како технички министер се обидов да ја поткренеме цената на тутунот за да даде и државата дел на стимулации. Со компаниите јас лично разговарав и успеавме да ја поткренеме цената во самиот откуп“, појасни министерот.

Министерот Трипуновски додаде дека кога бил технички министер имало количини на тутун од околу 14-15 милиони килограми.

„Оваа година со таква стимулација ние имаме 24 милиони килограми тутун“, нагласи министерот.

„Кај тутунарите заедно со субвенцијата ќе влезат 198 милиони евра“, појасни тој.

Министерот посочи дека ако некогаш државата имала десеткувано производство на тутун од 15 милиони килограми, веќе се враќа на времињата кога некогаш имало 25 милиони килограми тутун. Со добра стратегија и количеството на грозје и пченица ќе се зголеми.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Корејски воен авион случајно фрли осум бомби, повредени неколку лица
Следна Статија Во 2019 година, Федерер инвестираше во компанија која сега има приходи од 2,4 милијарди евра

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Николоски: Дел од маркетите имаа „шпекулативно однесување“

Во однос на минатогодишната ситуација и „картелското здружување“ на повеќе маркети во државата, Николоски потсети дека тоа на крајот го…

April 9, 2026
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Со Косово потпишуваме меморандуми за соработка во три области

Денеска во Приштина ќе се одржи меѓувладина седница помеѓу Владата на Македонија и Владата на Косово, кадешто по завршувањето ќе…

November 18, 2024
ЕКОНОМИЈА

Цените на становите поскапеа за над 25 отсто во третиот квартал

Продолжува растот на цените на становите во земјава. Во третиот квартал, според податоците на Народната банка, недвижностите поскапеле за 25,1…

October 4, 2025
ЕКОНОМИЈА

Доларот слабее, еврото зајакнува

На глобалните пазари, вредноста на доларот во однос на кошничката валути малку се намали минатата недела, како резултат на трговската…

October 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?