Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Три години барање правда: Човекот што ја прегази Теодора не се појави на повтореното судење
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Три години барање правда: Човекот што ја прегази Теодора не се појави на повтореното судење
ХРОНИКА

Три години барање правда: Човекот што ја прегази Теодора не се појави на повтореното судење

Објавено March 4, 2025 17:55
Сподели
Сподели

По 2 и пол години повторно се наоѓаме пред Основен суд, повторно не враќаат во болка, повторно го преживуваме истиот хорор. Сестра ми имаше само 22 години, студент кој се бореше за своите соништа, беше човек со огромна душа. Не ми е јасно, уште колку треба да поминуваме низ истиот пекол за нешто што е очигледно, уште колку солзи треба да пролееме,- изјави Ева, сестра на Теодора Ристовска.

Менсур Пајазити, кој пред три години на пешачки премин смртно ја прегази 22 годишната тетовчанка Теодора Ристовска, не се појави на првото рочиште од повтореното судење по негово барање, а прифатено од Врховниот суд оти бил хоспитализиран. Во основниот суд во Тетово, по речиси три години повторно се појави само семејството на Теодора, чија сестра низ солзи и трепер развлекувањето на процесот го нарече хорор и болка.. Таа побара правда и да се стави конечен крај на дополнителната агонија што на семејството му ја предизвикува судењето..

За отсуството на Пајазити, како што кажа судијата Елведин Ферати, до судот вчера од страна на неговата сопруга, бил доставен медицински извештај од Клиничка болница дека бил задржан како пациент на интерно одделение, па главната расправа ќе се одржи на 27 март.

Семејството пак смета дека станува збор за одолговлекување и бараат максимална казна за Пајазити. Тој досега не одлежа ниту еден ден за стореното, за што првично доби 3 години и 6 месеци затвор. Но, по неговата жалба и барање на условна, казната од страна на Апелација му беше намалена на две години за што првично обвинителството се противело, а потоа и самите сугерирале да има ублажување на истата. На крајот, обвинетиот се жалел и на Врховен, кој одлучил да го врати судењето на почеток.

-Обвинетиот го признава делото, тоа го направи во завршните зборови, прво степениот суд го осуди на три години и шест месеци затвор, од каде тој се упатува до апелационен суд во Гостивар и се жали на казната во Вишото јавно обвинителство во Гостивар и се согласува со неговата жалба. Зошто? Зошто Виши јавен обвинител? -прашува Ева, сестра на Теодора Ристовска.

Тогаш 49 годишниот Пајазити, од Голема Речица, ја прегази Теодора на 15 август 2022 година на пешачки премин во Тетово, а таа три дена подоцна им подлегна на повредите

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Направивме многу и на штета на идентитетот, но мора да сме оптимисти и да се бориме и во иднина
Следна Статија Мемеди: Во стабилна состојба детето затруено со таблети, продолжува неговата опсервација

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Претреси во домови за стари лица во Скопје под сомненија за нехуман третман

После добиени сознанија за можен нехуман третман на стари лица – корисници на услуги за вон-семејна заштита, Основното јавно обвинителство…

October 7, 2025
ХРОНИКА

(ФОТО) Запленето злато, 37.500 евра, „Ејпл“ уреди, тутунски производи и парфеми

Царински службеници и мобилни царински тимови запленија 92 грама златни плочки и монети, „Ејпл“ уреди, 37.500 евра, цигари, парфеми и…

November 7, 2025
ХРОНИКА

Возач удрил во возила, контејнери и семафор во Скопје

Полицијата денеска информира за случај од петокот во кој 52-годишен државјанин на Косово со привремен престој во Арачиново со возило…

December 28, 2025
ХРОНИКА

Почина пешак откако младо момче со мотоцикл удрил во него

На 30.06.2025 околу 13.45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Шар планина“ во Скопје мотоцикл „бмв“ со бугарски…

July 1, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?