Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мемеди: Во стабилна состојба детето затруено со таблети, продолжува неговата опсервација
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Мемеди: Во стабилна состојба детето затруено со таблети, продолжува неговата опсервација
ЗДРАВЈЕ

Мемеди: Во стабилна состојба детето затруено со таблети, продолжува неговата опсервација

Објавено March 4, 2025 18:07
Сподели
Сподели

Продолжува опсервацијата на петгодишното дете од Делчево, кое синоќа проголтало две таблети антидепресив за возрасни и потоа било примено на Детската клиника во Скопје.

– Петгодишното дете од Делчево синоќа беше примено на Детската клиника во Скопје со брза помош, со податок за испиени две таблети антидепресив за возрасни. Детете е примено во релативно стабилна состојба, мониторирано, во тек на дежурство со стабилни параметри. Денеска продолжуваме со опсервација на детето до утре, а ако се е во ред, детето ќе биде пуштено дома- изјави за МИА директорот на Универзитетската клиника за детски болести во Скопје д-р Реџеп Мемеди.

Тој посочи дека скоро секоја недела имаат вакви или слични случаи и апелираше родителите да бидат внимателни каде ги оставаат лековите за возрасни, средствата за хигиена и корозивни супстанци, односно да внимаваат тие да не бидат на дофат на децата.

На Детското одделение во Општата болница со проширена дејност во Кочани синоќа било донесено петгодишно дете од делчевското село Тработивиште, за кое било пријавено дека проголтало неколку таблети.

Од Кочанската болница го потврдија случајот и информираа дека детето било донесено со медицинска придружба од Делчево, било во свесна и контактибилна здравствена состојба, но поради понатамошна контрола и превентива, дежурниот педијатар го препратил на Детската клиника во Скопје.

Според првичните сознанија, петгодишното дете проголтало таблети золпиден, кои се користат за регулирање на сонот кај возрасните, при што се употребува половина таблета.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Три години барање правда: Човекот што ја прегази Теодора не се појави на повтореното судење
Следна Статија Кривична пријава против полициски службеници за злоупотреба на службената положба

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

ИЈЗ: За еден месец, за 92,8 отсто зголемен бројот на акутните заразни заболувања, најмногу има варичела

Во декември минатата година, до Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), пристигнати се вкупно 1.623 пријави за заболени лица од акутни…

January 23, 2025
ЗДРАВЈЕ

Нутриционисти ги откриваат петте најздрави јаткасти плодови

Јаткастите плодови се неизоставен дел од здравата исхрана. Имајќи го предвид нивниот фантастичен вкус, воошто не нè чуди фактот што…

November 7, 2024
ЗДРАВЈЕ

15 пациенти од трагедијата во Кочани може да се рехабилитираат бесплатно во Турција повеќе од една година

Турција изразила подготвеност да прими и до 15 пациенти од трагедијата во Кочани за долготрајна рехабилитација, над година дена и…

April 29, 2025
ЗДРАВЈЕ

На рехабилитација на Пониква се 45 повредени лица од пожарот во „Пулс“, условите сосема ги задоволуваат нивните потреби

Од викендов на двонеделна рехабилитација во одморалиштето на МВР на Пониква се наоѓа првата група од 45 повредени лица од…

June 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?