Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Три лица изнудиле пари од скопјанец, му се заканувале дека ќе го убијат и ќе му ја запалат куќата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Три лица изнудиле пари од скопјанец, му се заканувале дека ќе го убијат и ќе му ја запалат куќата
ХРОНИКА

Три лица изнудиле пари од скопјанец, му се заканувале дека ќе го убијат и ќе му ја запалат куќата

Објавено September 20, 2025 10:01
Сподели
Сподели

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против тројца осомничени за кривично дело – Изнуда од член 258 од Кривичниот законик. Како што информира ОЈО, во периодот од 16 до 18 септември, првоосомничениот, со намера за себе да прибави противправна имотна корист, употребил сериозна закана и присилил еден оштетен да му исплати 60.000 денари.

– Осомничениот му се претставил на оштетениот како припадник на криминална група и побарал да му даде 1000 евра за да го заштити од други луѓе кои претходно му барале пари. Истовремено му се заканил да не пријавува во полиција, бидејќи ќе го убие и ќе му ја запали куќата. Оштетениот првиот ден му дал 30.000 денари, бидејќи толку можел да извади од банкомат, а потоа сепак пријавил во полиција. Два дена подоцна, кога се договориле за преземање на остатокот од парите, банкнотите биле претходно крим-технички обработени. Веднаш по предавањето, осомничениот е уапсен на лице место и кај него се пронајдени парите, соопшти ОЈО.

Истрагата, како што с епосочува во соопштението, опфаќа уште две лица за кои, согласно доказите обезбедени до овој момент, обвинителството дојде до основано сомнение дека претходно, во текот на август и септември годинава, во повеќе наврати изнудувале пари од истото лице. Тие го уверувале дека парите посредно се наменети за други лица, со цел да не му наштетат нему и на неговото семејство, со што постои сомнение дека го присилиле да им исплати вкупно 27.000 евра.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје синоќа достави предлог за определување мерка притвор за првиот осомничен кој беше фатен на лице место при извршување на кривичното дело, како и мерки на претпазливост – задолжително јавување во суд и забрана за приближување до оштетениот и неговото семејство за другите двајца осомничени.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Русија ја нападна Украина со дронови и ракети, Полска крена во воздух борбени авиони
Следна Статија Се ожени Кијану Ривс- со Александра тајно се венчале во Европа (ФОТО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Уапсен убиецот кој вчера пукаше во Штип

Основното јавно обвинителство Штип е известено од МВР дека лицето по кое се трагаше во врска со вчерашниот оружен инцидент…

May 9, 2025
ХРОНИКА

Притвореник во Битола претепал четири лица

На 13.07.2025 во 05:20 часот, во СВР Битола било пријавено дека во притворското одделение на Казнено поправната установа Затвор Битола…

July 13, 2025
ХРОНИКА

Возачот кој ја усмрти Фросина на Партизанска бил пијан и немал возачка дозвола, поминал на црвено

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено за – Тешки дела против безбедноста…

January 30, 2025
ХРОНИКА

Детали: Докторката офталмолог барала 100 евра за операција за отстранување на катаракта

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице за кривично дело – Примање поткуп од член 357 став 6…

July 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?