Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Тројца приведени во врска со пукањето во Тетово
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Тројца приведени во врска со пукањето во Тетово
ХРОНИКА

Тројца приведени во врска со пукањето во Тетово

Објавено August 11, 2025 18:53
Сподели
Сподели

Три лица се приведени во врска со вчерашната вооружена престрелка во Тетово во која едно лице беше убиено, а четворица, меѓу кои и малолетно девојче, се повредени.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР), при претрес на повеќе локации во тетовското село Гајре биле пронајдени предмети од интерес на истрагата.

„Се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот и пронаоѓање на предмети и други лица кои биле инволвирани во престрелката“,додаваат од МВР.

Вчера околу 12 часот напладне во Тетово се случи вооружена престрелка во која едно лице го загуби животот, а четири лица, меѓу кои и малолетно девојче, беа повредени. Пукањето се одвивало меѓу лица од две возила, при што се случила и сообраќајна несреќа. Возилата потоа го напуштиле местото на инцидентот.

По вчерашниот инцидент, директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ), Александар Јанев, денеска го посети Секторот за внатрешни работи Тетово и порача дека полицијата ги ставила во функција сите потребни служби со цел да бидат пронајдени сите инволвирани во вчерашниот инцидент.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Австралија ќе ја признае палестинската држава, објави австралискиот премиер Албанезе
Следна Статија ДКСК потсетува на забраните за вработувања и за трошењето буџетски пари пред локалните избори

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

ОЈО со детали за грозоморното убиство во Прилеп: Ги убил внукот и неговиот 11-годишен правнук поради кавга за имот, па се самоубил

Обвинителството откри детали од вчерашната трагедија во Прилеп. Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп извршил увид во куќа…

July 13, 2025
ХРОНИКА

30 дена притвор за Нацев, сопственик на агенцијата за обезбедување „Рубикон“

Мерка притвор во траење од 30 дена му одреди Основниот суд – Кочани на Александар Нацев, сопственик на агенцијата за…

June 10, 2025
ХРОНИКА

(Вознемирувачко) Малолетнички тепале девојче во Чаир, го снимиле нападот и го објавиле на социјалните мрежи

На социјалните мрежи е објавено видео со вознемирувачка содржина на кое се гледа како малолетнички тепаат друго девојче. Од МВР…

September 2, 2025
ХРОНИКА

Почина Жика-најстариот лав во скопската Зоолошка градина

Скопската зоошлошка градина, за жал, остана без уште едно животно. Од старост угина лавот Жика. Со големо жалење и тага…

October 15, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?