Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: „Трпението е при крај“, му порача Мицкоски на Обвинителство
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > „Трпението е при крај“, му порача Мицкоски на Обвинителство
МАКЕДОНИЈА

„Трпението е при крај“, му порача Мицкоски на Обвинителство

Објавено May 24, 2026 21:08
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на свечената академија „Од слово до вечност“ на одбележувањето на Денот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј во „Света Софија“ во Охрид во својот говор се осврна и на борбата против корупцијата, порачувајќи дека ги разбира граѓаните кои губат трпение во однос на испораката на правдата.

Сакам да се осврнам и на уште една важна тема. Тоа е борбата против корупцијата и постигнувањето правда. Го разбирам незадоволството и негодувањето кај луѓето кои сè повеќе губат трпение од испораката на правдата. Морам да кажам дека и јас не сум до крај задоволен и сметам дека може многу, многу подобро и со многу побрзи резултати. Немојте да мисли кој било од вас дека не ги слушам оние крици на луѓето кои ѝ се смеат на правдата, кои мислат за себе дека се непобедливи и дека ја измамиле правдата. Денес тие се најгласните критичари на Владата и пресоблечени измамници кои се најзагрижени за тоа дека немало правда. Ним, и на оној дел од обвинителството кој сè почесто смислува изговори, им велам дека трпението е при крај и дека правдата ќе ги стигне сите. Без оглед на тоа какви изговори слушам, трпението е при крај и јас внимателно следам – порача Мицкоски.

Премиерот посочи дека нема да премолчи ниту кога смета дека се греши, ниту кога смета дека е потребна побрза реакција.

Нема ни да премолчам кога мислам дека се греши, ниту кога мислам дека треба побрзо да се реагира и кога фиоките во институциите се полнат со пријави и тужби за кои обвинителството треба да реагира побрзо. Затоа што јас не влегов во политиката за смислување изговори, туку за ставање ред, за постигнување правда и владеење на законите. Нема да отстапам од тоа да им дишеме во врат на оние кои се богатат и печалат на маката на народот. Ова е последната шанса на оваа генерација да создаде нешто вредно што ќе остане за сите наредни – истакна Мицкоски во својот говор.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ФОТО) По декади запуштеност се чисти Железничката станица во Скопје
Следна Статија (ВИДЕО) Голем пожар избувна вечерва во Радовиш во поранешна фабрика

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Денеска е Задушница, утре Духовден

Православните христијани денеска ја одбележуваат Задушница во знак на сеќавање на починатите, а утре ја празнуваат Педесетница – Слегување на…

May 30, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Ова е нашиот Крушевски манифест, светот го виде вистинското лице на Бугарија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешната вонредна прес-конференција, истакна дека светот го видел вистинското лице на Бугарија и дека…

July 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Миноски: Борбата против корупција и криминал!

Согласно сите релевантни извештаи, корупцијата е еден од најголемите предизвици за нашето општество. Затоа, сите активности на институциите насочени кон…

December 17, 2024
МАКЕДОНИЈА

Силен пожар се шири од Нерези кон Водно

Голем пожар попладнево изби над Нерези и поради силниот ветер забрзано се шири кон Водно. Засега нема официјални информации од…

August 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?