Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ФОТО) По декади запуштеност се чисти Железничката станица во Скопје
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > (ФОТО) По декади запуштеност се чисти Железничката станица во Скопје
МАКЕДОНИЈА

(ФОТО) По декади запуштеност се чисти Железничката станица во Скопје

Објавено May 24, 2026 17:55
Сподели
Сподели

По декади запуштеност се чисти Железничката станица во Скопје, сподели директорот на Македонски железници – Инфраструктура, Синиша Ивановски.

Железничката станица во Скопје треба да претставува гордост на главниот град.
Декади запуштеност и немање институционална и општествена грижа за жал ја претвори во тотално нерепрезентативен објект „накитен“ со билборди, постери, графити, несоодветни содржини, недоволна хигиена. Превземаме мерки за подигнување на нивото на надворешниот и внатрешниот изглед на Железничката станица Скопје преку долготрајна акција и сет на активности, сподели Ивановски.

За старт, откри тој, се отстранија сите билборди и светлосни реклами. Како што вели директорот, остана уште една светлосна на „Хамза донер“, кои одбиваат да ја извадат, а доколку не ја отстранат во рок од 7 дена договорот за закуп ќе им биде раскинат. Се отстранија сите информативни постери кои со години се напластени, а се продолжува со генералната хигиена.

Во моментов заедно со Архитектонскиот факултет работиме кон проектирање на целосна реконструкција на железничката станица, а со ИЗИИС ја проверуваме конструкцијата на самата станица.
Процесот на враќање на нормалниот изглед на железничката станица нема да е лесен процес, но да почнеме денес
П.С. Во склоп на објектот има станица на МВР, им благодариме за секојдневната соработка и помош, сподели Ивановски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија 40-годишник ја грабнал и со тупаници ја удирал матурантка која се враќала од прослава
Следна Статија „Трпението е при крај“, му порача Мицкоски на Обвинителство

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Предлог Законот за Судски совет доставен на мислење на Европската комисија

Предлог законот за Судски совет доставен на мислење на Европската комисија, соопшти денеска Министерството за правда (МП). По добиеното мислење,…

December 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

(ВО ЖИВО) Изјава на Мицкоски од ГП Деве Баир

Денеска 05.10.2024 година (сабота) во 13:30 часот претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски ќе присуствува на поставување на…

October 5, 2024
МАКЕДОНИЈА

Митко Чавков пуштен на условен отпуст

Поранешниот министер за внатрешни работи, Митко Чавков кој беше осуден за случајот 27 ми април денеска е пуштен на условен…

May 4, 2026
МАКЕДОНИЈА

Падна првиот снег во Македонија (ВИДЕО)

Утрово во Македонија има ниски температури со врнежи од дожд. На планините има врнежи од снег. Утрово на Маврово и…

October 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?