Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Турција го казни „Гугл“ со 8,8 милиони долари поради кршење на правилата за конкуренција
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Турција го казни „Гугл“ со 8,8 милиони долари поради кршење на правилата за конкуренција
Blog

Турција го казни „Гугл“ со 8,8 милиони долари поради кршење на правилата за конкуренција

Објавено July 11, 2025 17:22
Сподели
Сподели

Турскиот орган за конкуренција го казни технолошкиот гигант „Гугл“ (Google) со 355,1 милиони турски лири (8,86 милиони долари) за кршење на обврските, поврзани со локалните услуги за пребарување со новиот формат наречен „деловни реклами“.

Според турскиот регулатор „Гугл“ е казнет оти не ги исполнил обврските насочени кон обезбедување фер конкуренција и заштита на потрошувачите.

Исто така е утврдено дека новиот дизајн, означен како „деловни реклами“, е функционално сличен на претходно санкционираните формати, за кои турскиот регулатор во 2021 година пресуди дека неправедно им даваат приоритет на сопствените локални услуги за пребарување на „Гугл“ пред тие на конкурентите.

Пресудата од 2021 година резултираше со почетна казна од 296 милиони турски лири и побара од „Гугл“ да презентира редизајнирани „интерфејси“ што нудат еднаква видливост на конкурентските услуги.

„Гугл“ не ги исполни овие обврски. Како резултат на тоа, беше изречена дневна административна казна од 0,05 проценти од бруто приход за 2024 година, во вкупен износ од 355,14 милиони турски лири.

Иако „Гугл“ подоцна го повлече спорниот дизајн, казната беше пресметана врз основа на времетраењето на активноста на дизајнот на пазарот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Комеморација во Поточари за 30-годишнината од геноцидот во Сребреница
Следна Статија Само 0,29 евра: Во Загреб продаваат сендвичи останати од концертот на Томпсон, одат како алва

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

Претрес кај судијата Ѓоко Ристов

Во домот на апелациониот судија Ѓоко Ристов се врши претрес по барање на Обвинителството за гонење на организиран криминал и…

January 18, 2026
Blog

Дневен хороскоп за Девица – недела, 9 февруари 2025

💡 Општа енергија на денот: Денот е идеален за изградба на твојата стабилна самодоверба, Девице. Биди методичен, прецизен, организиран, практичен…

February 9, 2025
Blog

Кина ги предупредува другите земји да не склучуваат трговски договори со САД

Кина ги почитува сите страни кои ги решаваат економските и трговските спорови со САД преку консултации на еднаква основа, но…

April 21, 2025
Blog

Од денеска USB-C е стандард за полнење електронски уреди во ЕУ

Од саботата, USB-C конекторот официјално стана заеднички стандард за полнење електронски уреди во Европската унија, објави Европската комисија на социјалната…

December 28, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?