Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Турција приведе 115 осомничени членови на Исламска држава, кои планирале напади за празниците
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Турција приведе 115 осомничени членови на Исламска држава, кои планирале напади за празниците
СВЕТ

Турција приведе 115 осомничени членови на Исламска држава, кои планирале напади за празниците

Објавено December 25, 2025 13:41
Сподели
Сподели

Турските безбедносни сили приведоа 115 осомничени членови на Исламска држава, кои се осомничени дека планирале напади за време на прославите на Божиќ и Нова Година во оваа земја, објави денеска Канцеларијата на главниот обвинител во Истанбул.

Истанбулската полиција добила информации дека членови на Исламска држава планираат напади во Турција, особено против немуслимани за време на прославите на Божиќ и Нова Година, објави обвинителството на платформата X.

Во соопштението се наведува дека полицијата извршила рации во 124 места во Истанбул и дека се уапсени 115 лица, од 137 осомничени по кои се трагало. За време на апсењето на осомничените, запленети се неколку пиштоли и муниција.

Турската разузнавачка служба МИТ во вторникот го уапси Мехмет Горен, член на Исламска држава Корасан (ИД-К) и спречи планирани напади за Нова Година, а операцијата ја разоткри и мрежата за регрутирање на терористичката организација.

Горен, познат под кодното име Јахја, беше уапсен во пограничната област меѓу Авганистан и Пакистан и донесен во Турција. Според разузнавачките извештаи, тој се согласил да изврши самоубиствени напади и се искачил на раководна позиција во ИД-К по обуката во кампови долж границата.

Турските власти, исто така, издадоа налози за апсење на 10 осомничени за финансирање на мрежата на ИД во Анкара.

На 19 декември, жандармеријата во Анкара предупреди дека ИД планира напади за време на новогодишните празници во фрекфентни области, вклучувајќи трговски центри и пазари.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Имаме најниска инфлација во Европа од 4 проценти
Следна Статија Железници за првпат со специјално украсен новогодишен воз и празнично возење

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Глобалните температури паднаа во 2025 година, но научниците предупредуваат на повеќе топлотни рекорди

Последните три години беа најтопли на Земјата, додека човечките јаглеродни емисии продолжуваат да ја загреваат планетата.

January 15, 2026
СВЕТ

Блумберг: Европа се соочува со нова енергетска криза

Европа се соочува со нова енергетска криза во услови на раст на цените и намалени резерви на гас, пишува Блумберг. „Брзото…

November 23, 2024
СВЕТ

ВИДЕО: Уапсен најбараниот наркобос во Еквадор, се криел во бункер под кујната

Најбараниот бегалец во Еквадор, Хозе Адолфо Масијас, познат и како Фито, е повторно фатен повеќе од една година откако избега…

June 26, 2025
СВЕТ

Проштално обраќање на Бајден: Во САД се создава „опасна“ олигархија | ВИДЕО

Џо Бајден, претседател на САД во заминување, во проштално обраќање синоќа од својот кабинет во Белата куќа предупреди дека во…

January 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?