Кошаркарската репрезентација на Турција забележа значаен триумф над Србија со резултат 95-90, со што обезбеди прво место во групата А на Евробаскетот.
Со овој триумф Турција обезбеди дуел против Шведска во осминафиналето, додека Србија ќе има тешка задача против мотивираната селекција на Финска.
Најдобар поединец беше Алперен Шенгјун со 28 поени, 13 скокови и осум асистенции, додека Ларкин уфрли 23 поени и девет асистенции.
Кај Србија се истакна Никола Јокиќ со 22 поени и девет скокови, но остана без вистинска поддршка од соиграчите.