Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Уапсен пилот на „Ер Канада“ кој 17 години превезувал патници со фалсификувана дозвола
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Уапсен пилот на „Ер Канада“ кој 17 години превезувал патници со фалсификувана дозвола
СВЕТ

Уапсен пилот на „Ер Канада“ кој 17 години превезувал патници со фалсификувана дозвола

Објавено June 13, 2026 17:22
Сподели
Сподели

Поранешен пилот на „Ер Канада“ се соочува со кривични обвиненија бидејќи речиси 17 години возел авиони и превезувал десетици илјади патници со лажна пилотска лиценца, соопшти канадската полиција. Џефри Вол беше уапсен на 1 јуни, откако истражителите утврдиле дека од 2009 до 2025 бил капетан на повеќе од 900 домашни и меѓународни летови, без никогаш да ја стекне потребната лиценца или да ги помине задолжителните тестирања.

„Оваа истрага и деталите поврзани со неа звучат како сценарио за филм“, изјави заменик-началникот на Регионалната полиција на Пил на прес-конференција во Онтарио. „(Вол) се искачи до позицијата капетан на лет, каде што речиси 17 години возешесо авиони ‘боинг 767, 777 и 787’“, при што од платата заработил над 2 милиони американски долари.

Обвинувањата потсетуваат на филмот „Фати ме ако можеш“ на Стивен Спилберг од 2002, во кој тинејџер со убедување успева да стане пилот во компанијата „Пан ам“.

Во овој случај, Вол бил лиценциран за управување со комерцијални авиони во текот на целата своја 27-годишна кариера во „Ер Канада“, но полицијата тврди дека никогаш не поседувал Лиценца за авиолиниски транспортен пилот за авиони (АТПЛ-А), која била задолжителна кога бил унапреден во капетан во 2009.

„Ова е многу слично на доктор кој има лиценца за семејна медицина, но врши операции на мозок во својата ординација“, рече полицијата. „Постојат дополнителни барања и регулативи за професионалните квалификации со добра причина. Веруваме дека обвинетиот лажно ги претставувал своите квалификации и пред својот работодавец и пред регулаторот“, додаде полицијата.

Вол бил откриен откако рутинска проверка на неговите документи во 2025 открила „неправилности во документацијата за пилотската лиценца“, по што „Ер Канада“ ги известила надлежните регулаторни тела, соопштија истражителите. Тој се пензионирал во 2025, пред да започне регулаторната и кривичната истрага, наречена „Проект Икар“, која била покрената во јануари.

Авиокомпанијата истакна дека Вол бил лиценциран комерцијален пилот и редовно покажувал дека е способен безбедно да управува со големи патнички авиони.

„Безбедноста не беше загрозена со овој инцидент, бидејќи сите пилоти во ‘Ер Канада’ поминуваат задолжителна повторна обука на секои шест месеци за потврдување на нивната летачка компетентност, вклучувајќи и проверка на летот со сертифициран проверувач-пилот од Транспорт Канада на секои 12 месеци“, соопшти ‘Ер Канада’.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Иран и САД блиску до првичен договор
Следна Статија Скопјанец бил пресретнат од три автомобили, го тепале, а потоа киднапирале и фрлиле во селото Шишево

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

(Видео) Астронаутите што поминаа месеци на Меѓународната вселенска станица слетаа во морето опкружени со делфини

По успешно слетување во морето, вселенското летало „Драгон“ било опкружено со група делфини, јавува Би-би-си. Астронаутите на НАСА, Суни Вилијамс и…

March 19, 2025
СВЕТ

Ројтерс: Путин подготвен да разговара со Трамп за крајот на војната. Кои се руските услови?

Владимир Путин е подготвен да разговара за договорот за прекин на огнот во Украина со Доналд Трамп, но ја отфрла…

November 20, 2024
СВЕТ

Републиканците освоија мнозинство врз Претставничкиот дом и целосна контрола на Конгресот на САД

Републиканците освоија доволно места за да ја задржат контролата врз Претставничкиот дом, формирајќи обединета влада контролирана од Републиканската партија во…

November 14, 2024
СВЕТ

Цената на нафтата урива рекорди

На меѓународните берзи денеска барел нафта се тргуваше за повеќе од 110 долари поради геополитичките тензии на Блиски Исток. На…

May 4, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?