Барселона зад себе има блескава сезона во која ги освои сите домашни трофеи – Ла Лига, Купот и Суперкупот на Шпанија, a сега раководството на каталонскиот клуб веќе работи на задржување на најважните фудбалери.
Претседателот Жоан Лапорта потврди дека е постигнат договор за продолжување на соработката со Ламин Јамал, кој се смета за иднината на клубот. Новиот договор наскоро ќе биде официјално објавен, а со тоа Барса испраќа јасна порака дека сериозно гради тим за иднината во кој Јамал треба да биде во центарот на проектот.
Но, тоа не е сè. Лапорта најави дека во наредниот период ќе следат нови потписи и во план е продолжување на договорите со Френки Де Јонг и Рафиња.
Со вакви чекори, Барселона прави јасна стратегија –да ги задржи носителите и да продолжи да доминира на домашната и европската сцена.