Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Вардар го совлада Еурофарм Пелистер во македонското ракометно дерби
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Вардар го совлада Еурофарм Пелистер во македонското ракометно дерби
СПОРТ

Вардар го совлада Еурофарм Пелистер во македонското ракометно дерби

Објавено October 2, 2025 08:14
Сподели
Сподели

Вардар 1961 го доби првото дерби во првенството оваа сезона против Еурофарм Пелистер. Во СЦ „Јане Сандански“, црвено-црните славеа против актуелниот шампион со 31:28 (16:14).

Вардар ја прекина серијата од четири порази во дуелите со најголемиот ривал и го задржа максималниот ефект во првенството по пет одиграни натпревари. Пелистер го доживеа првиот пораз, но има и едно реми и поради тоа со седум бода се наоѓа на четвртото место.

Вардар во целост го контролираше дербито, во раната фаза црвено-црните дојдоа со водство 9:5, Пелистер се доближи и на гол минус, но најчесто разликата беше два гола во корист на Вардар.

Вториот дел му припадна на Пелистер, негвиот воведен дел, со три гола Битолчани изедначија (18:18), но Вардар одговори на ист начин. Успеа повторно Пелистер да се врати на 21:21 имаше и напад за водство, не го искористи по што следуваше уште една серија на црвено-црните од 3:0.

Во последните 20 минути се „појавија“ и голманите Валах и Митревски, кои имаа неколку брилијантни интервенции. Клучната одбрана ја имаше голманот на Вардар, кога му одбрани пенал на Манасков и спречи израмнување.

Замата завршница му припадна на поранешниот репрезентативец Талески, кој со два гола ги реши дилемите околу кончениот победник.

Боно, Тузолана и Малус со по шест гола го предводеа Вардар, голманот Валах имаше девет интервенции. На спротивната страна најдобри беа Митревски со осум одбрани и Манасков со девет голови.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Странските лекари потребни во Германија: наскоро олеснување при вработување преку побрзо признавање на дипломит
Следна Статија (Видео) Израелската војска упадна на бродовите што пловат кон Газа, уапсена е Грета Тунберг

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Партизан го доби вечното дерби (ВИДЕО)

https://www.youtube.com/watch?v=y3ikhFnZ0qg Дерби дуелот од 35.коло од кошаркарската Евролига им припадна на кошаркарите на Партизан, кои славеа против соседот Црвена Звезда…

April 3, 2026

Патрик Кане постигна 500 гола во НХЛ и стана петти американски играч со овој успех

37-годишниот играч постигна два гола за Детроит Ред Вингс во победата против Ванкувер Канакси

January 10, 2026
СПОРТ

Тајсон по поразот од Пол: Не мислам дека ова е мојата последна борба

Поранешниот апсолутен светски шампион во бокс во тешка категорија, Мајк Тајсон, ги сподели своите емоции по поразот во борбата со…

November 16, 2024
СПОРТ

Словенци ќе го судат финалето на СП

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) објави денеска дека Словенецот Славко Винчиќ ќе биде главен судија на финалето на Светското првенство меѓу…

July 17, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?