Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Странските лекари потребни во Германија: наскоро олеснување при вработување преку побрзо признавање на дипломит
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Странските лекари потребни во Германија: наскоро олеснување при вработување преку побрзо признавање на дипломит
СВЕТ

Странските лекари потребни во Германија: наскоро олеснување при вработување преку побрзо признавање на дипломит

Објавено October 1, 2025 19:33
Сподели
Сподели

Лекарите од странство, кои на Германија итно ѝ се потребни, наскоро, како што е планирано, ќе можат полесно да се вработат. Владата го усвои предлог-законот на министерката за здравство, Нина Варкен, кој треба да овозможи побрзо признавање на дипломите, пренесуваат медиумите во регионот.

За да се обезбеди здравствена заштита, покрај атрактивните услови за образование во Германија, потребни се и квалификувани експерти од странство, рече Варкен.

Постапките за тоа, додаде таа, треба да бидат униформни и дигитализирани.

Олеснувањата важат и за стоматолозите, фармацевтите, како и за акушерките, според министерството.

Варкен изјави дека побрзото признавање на дипломите не смее да биде на штета на високите стандарди за безбедност на пациентите и квалитетот на здравствената заштита.

Законот сè уште треба да биде одобрен од парламентот.

На крајот од минатата година имало 68.000 вработени странски лекари кои немаат германско државјанство, што е рекорд, според статистиката на Федералната лекарска комора.

Тоа е за 6,8 проценти повеќе отколку во 2023 година, анализираат медиумите.

Уделот на странски лекари се зголеми повеќе од двојно во последните 10 години. Вкупно, повеќе од 15 проценти од сите вработени лекари имаат странски пасоши, според написите.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија УТРЕ СЕ ВКЛУЧУВА ПАРНОТО ВО СКОПЈЕ Ниските температури ја поместија грејната сезона
Следна Статија Вардар го совлада Еурофарм Пелистер во македонското ракометно дерби

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Спречен бомбашки напад на концертот на Лејди Гага, присуствуваа 2,1 милион луѓе

Бразилската полиција соопшти дека спречила бомбашки напад планиран за концертот на Лејди Гага на плажата Копакабана во Рио де Жанеиро.…

May 4, 2025
СВЕТ

Во Израел е побарана истрага за сопругата на Нетанјаху

Јавниот обвинител на Израел и нареди на полицијата да отвори истрага против сопругата на премиерот Бенјамин Нетанјаху поради сомневање дека…

December 27, 2024
СВЕТ

Шверцери пренесувале седум тони кокаин во нарко подморница што сами ја направиле (ВИДЕО)

Португалската полиција спровела голема операција во која пресретнала подморница среде Антарктикот со речиси седум тони кокаин. Подморницата со дрога била…

March 28, 2025
СВЕТ

(Фото) Шок и страв во Тел Авив по жестокиот ирански напад

Улиците на Тел Авив утрово беа покриени со урнатини, со сцени на страв, вознемиреност и хаос по најновиот бран ирански…

June 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?