Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: УТРЕ СЕ ВКЛУЧУВА ПАРНОТО ВО СКОПЈЕ Ниските температури ја поместија грејната сезона
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > УТРЕ СЕ ВКЛУЧУВА ПАРНОТО ВО СКОПЈЕ Ниските температури ја поместија грејната сезона
МАКЕДОНИЈА

УТРЕ СЕ ВКЛУЧУВА ПАРНОТО ВО СКОПЈЕ Ниските температури ја поместија грејната сезона

Објавено October 1, 2025 19:30
Сподели
Сподели

ЕСМ соопшти дека од 2 октомври 2025 година започнува грејната сезона 2025/2026 за потрошувачите приклучени на системот за централно греење во градот Скопје, со кој управува АД ЕСМ.

Причина за предвременото вклучување на парното, според ЕСМ, се ниските температури кои се најавени за утре.

– Грејната сезона официјално започнува на 15 октомври, но согласно регулативата може да почне и порано, односно од 1 октомври, доколку прогнозата за средна надворешна температура за наредниот ден е еднаква или помала од 12˚С. Според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи, за 2 октомври е прогнозирана средна надворешна температура од 10˚С со што се исполнети условите за производство, испорака и снабдување со топлинска енергија, согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на РСМ- велат од ЕСМ.

Оттаму додаваат дека сè до 15 октомври, на веб-страницата на ЕСМ Снабдување секојдневно ќе се објавува информација дали се исполнети условите за испорака на топлинска енергија за наредниот ден.

Од компанијата апелираат корисници на централното греење да ги завршат потребните поправки на своите внатрешни грејни инсталации бидејќи редовното одржување е нивна обврска и заедниците на сопственици да обезбедат непречен пристап на службените лица до топлинските потстаници и редовно електрично напојување во топлинската станица, односно платени сметки за електрична енергија и функционална електрична инсталација.

Завршените интервенции треба да се пријават во Центарот за грижа на потрошувачи.

Сите потрошувачи можат да проверат дали нивниот објект е на списокот на „Затворени објекти – ЕСМ Снабдување“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Британскиот министер до Маск: Губи се од нашата политика и од нашата земја
Следна Статија Странските лекари потребни во Германија: наскоро олеснување при вработување преку побрзо признавање на дипломит

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

21-годишниот манекен Мартин е загинатиот во експлозијата во Белград, несмасно ја активирал бомбата

Македонскиот државјанин Мартин Сипковски (21), модел по професија, е убиен во експлозија која се случи минатата недела во стан на…

October 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

До 17 часот гласале 39,28% од избирачите

На ниво на држава, до 17 часот излезеноста е 39,28 проценти односно вклупно гласале 279.241 гласач од 96,94 проценти на…

November 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Систем за влез/излез од ЕУ: за што сè треба да се подготват патниците

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека почнувајќи од 12 октомври 2025 година, Европската Унија ќе почне со постепено воведување…

October 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Со пет награди македонските ученици се враќаат од Медитеранскиот СТЕМ натпревар во Атина

Со едно прво место, со награда за најдобро решение на понуден проблем, за најдобра соработка како тим, награда за најдобра…

April 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?