Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ЕХФ ги суспендираше Ѓорѓи Начевски и Славе Николов
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > ЕХФ ги суспендираше Ѓорѓи Начевски и Славе Николов
СПОРТ

ЕХФ ги суспендираше Ѓорѓи Начевски и Славе Николов

Објавено April 14, 2026 19:45
Сподели
Сподели

Македонските ракометни судии, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов официјално се суспендирани на две години од Европската асоцијација (ЕХФ).

Покрај суспензијата македонските судии ќе треба да платат и парична казна од по 5.000 евра за сторениот прекршок пред стартот на последното Европско првенство.

-Пред машкото Европско првенство годинава, ЕХФ ја повлече номинацијата на двајцата судии од Македонија поради наводна манипулација со прикачените видео снимки од таканаречениот „Тест за кондиција во повеќе фази“.

Врз основа на анализата на партнерот за интегритет на Европската ракометна федерација, „Спортрадар“, Ракометниот суд заклучи дека спорните видеа биле манипулирани и затоа ги изрече следните санкции.

Двајцата судии се суспендирани од извршување на каква било функција во рамките на ЕХФ и учество во какви било активности на ЕХФ во период од две години од датумот на првостепената одлука поради сериозно неспортско однесување, се вели во одлуката на ЕХФ.

Македонските ракометни судии на оваа одлука имаат право на жалба до Апелациониот суд на ЕХФ во рок од седум дена.

Начевски и Николов се вбројуваат меѓу најдобрите ракометни судии во светот и зад себе имаат огромен број важни меѓународни натпревари, како во Лигата на шампионите, така и на Европските и Светските првенства.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Татјана Димитровска во судница кажа дека не се чувствува виновна за кривичното дело за кое се товари
Следна Статија Притвор од 30 дена за грабнувачите кои на лице од Неготино му ставиле црна кеса, го удирале, му се заканувале со пиштол

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Лејкерси продадени за 10 милијарди долари

Семејството Бас се согласи да го продаде контролниот удел во Лос Анџелес Лејкерс на Марк Волтер, извршен директор и претседател…

June 19, 2025
СПОРТ

Роналдо нема намера да се пензионира

Првата ѕвезда на португалската фудбалска репрезентација, Кристијано Роналдо, изјави дека нема да се пензионира наскоро. – Живеам во сегашноста. Немам…

June 7, 2025
СПОРТ

(ВИДЕО) Извадил палестинско знаме на натпревар: Полицијата го уапси претседателот на подмладокот на Левица

Левица објави снимка на која се гледа како полицајци денеска во Скопје го апсат претседателот на подмладокот на партијата, Андреј…

April 28, 2026
СПОРТ

Веќе не важи она „фудбалот е игра во која најчесто победува Германија“

– Репрезентацијата на Парагвај го направи првото големо изненадување на Мундијалот откако по изведување на пенали со 4:3 – 1:1…

June 30, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?