Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Зоран Јовановски е првиот Македонец кој ќе настапи на Зимска параолимпијада
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Зоран Јовановски е првиот Македонец кој ќе настапи на Зимска параолимпијада
СПОРТ

Зоран Јовановски е првиот Македонец кој ќе настапи на Зимска параолимпијада

Објавено February 21, 2026 18:35
Сподели
Сподели

Струмичанецот Зоран Јовановски ќе биде првиот македонски параолимпиец кој ќе настапи на Зимска параолимпијада, откако беше потврден неговиот настап на Зимски параолимписки игри Милано – Кортина 2026.

Информацијата ја соопшти Скијачката Федерација на Македонија, истакнувајќи дека станува збор за историски чекор за македонските скијачки спортови и значаен успех за параспортот во државата.

Од Федерацијата потенцираат дека настапот на Јовановски претставува доказ дека со визија, системска работа и посветен тим можат да се поместуваат границите и да се испишуваат нови страници во спортската историја на Македонија.

Овој успех, како што се наведува, е резултат на долгогодишна работа, поддршка и вложување во развојот на параскијањето во земјата, упатувајќи јавна благодарност до тренерите Јане Стефанов и Петар Илев за професионалноста, посветеноста и вербата, и за Вангел Тркаљанов, кој го донесе параскијањето во државата и организираше повеќе од 20 скијачки кампови.

Од Федерацијата нагласуваат дека остануваат цврсто посветени на развојот на скијачките спортови, создавање еднакви можности и градење систем што ќе овозможи нови генерации спортисти да стигнат до најголемите светски сцени.

Со овој настап, Струмица и Македонија ќе добијат свој претставник на најголемата зимска спортска сцена за спортисти со попреченост – момент што веќе се оценува како историски за македонскиот спорт.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Обичаи што треба да се почитуваат за Прочка
Следна Статија (ВИДЕО) Под притисок на Вучиќ, жена јавно кажа дека не е биолошка мајка на детото што го чува

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

„НЀ СОВЕТУВАА ДА НЕ СЕ ВРАЌАМЕ ВО ХОТЕЛОТ“ Ѓоковиќ беше близу до хаосот во Париз

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ проговори за нередите во Париз кои се случија по победата на ПСЖ во финалето на Лигата…

June 3, 2025
СПОРТ

Индира Кастратовиќ му се придружи на Лазаров во „Куќата на славните“ на ЕХФ

Поранешната легендарна ракометарка на Македонија, Индира Кастратовиќ и официјално е примена во Куќата на славните на ЕХФ. На свечениот настан Кастратовиќ беше…

December 15, 2024
СПОРТ

Меси се реши- познато е каде ќе продолжи по завршувањето на договорот со Интер Мајами

Иако се споменуваше опција за враќање во родната Аргентина по оваа сезона, блиската пријателка на Меси негира дека тоа ќе…

January 27, 2025
СПОРТ

(Видео) Јуве во 94. и 96.минута од 2:4 до 4:4, Карабаг ја шокира Бенфика среде Лисабон

Долго ќе се прашуваат во Дортмунд како ја испуштија победата во Торино. „Милионерите два пати водеа, Јуве два пати се…

September 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?