Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Убиениот на Бит Пазар бил син на поранешен командант на ОНА
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Убиениот на Бит Пазар бил син на поранешен командант на ОНА
ХРОНИКА

Убиениот на Бит Пазар бил син на поранешен командант на ОНА

Објавено April 26, 2025 10:24
Сподели
Сподели

Триесетгодишниот Алајдин Сулејмани од Арачиново, кој вчера им подлегна на тешките повреди здобиени од прострелни рани во вчерашните пукотници во близина на Полициската станица – Бит Пазар, е син на Назми Сулејмани Аруша, поранешен командант на ОНА, пренесува „Фактор“.

Засега непознати лица испукале неколку куршуми кон Сулејмани, бил погоден во глава, во граден кош и во други делови од телото.

Полицијата истражува дали вчерашното пукање има поврзаност со физичка пресметка меѓу две групи што се случи пред две недели.

На 25.04.2025 околу 14:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Војдан Чернодрински“’”, во реонот на Бит Пазар, имало истрели од огнено оружје. На местото на настанот излегле полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар, кои констатирале дека станува збор за вооружена пресметка, при што едно лице било тешко повредено и транспортирано во Ургентниот центар при Клиничкиот комплекс „Мајка Тереза“. На местото на настанот биле пронајдени повеќе чаури. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштија од МВР.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Фаризи: Таравари како “Леси ќе се врати дома” по локалните
Следна Статија Србија доби ново одложување на санкциите за НИС

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Осомничен за демнење и насилство врз жена во Велес

Постапувајќи по поднесена кривична пријава од МВР, Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка против 59-годишен велешанец, осомничен за кривично дело…

September 20, 2025
ХРОНИКА

И тоа дочекавме: „Партизанска“ без 4 жмигавци и разигран пајак во Дебар Маало

Вчера во периодот од 17:00 до 20:00 часот од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје…

April 25, 2025
ХРОНИКА

Загина пешак во Волково: Упасена 40-годишната скопјанка

На 04.01.2026 во 00:45 часот во с.Волково, скопско, полициски службеници од СВР Скопје ја лишија од слобода 40-годишната М.С. од…

January 4, 2026
ХРОНИКА

Бизнисменка од Кавадарци проневерила милион евра па ги запалила документите

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе кривична пријава против С.Т во својство на сопственик, управител и…

July 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?