Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Угостители работеле незаконски, тврди в.д. градоначалникот на Кочани кој им поднесе кривична пријава
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Угостители работеле незаконски, тврди в.д. градоначалникот на Кочани кој им поднесе кривична пријава
ХРОНИКА

Угостители работеле незаконски, тврди в.д. градоначалникот на Кочани кој им поднесе кривична пријава

Објавено June 18, 2025 16:25
Сподели
Сподели

Три месеци по трагедијата во клубот „Пулс“ сѐ уште има угостителски објекти во Кочани кои работат спротивно на законските прописи и стандарди загрозувајќи ја безбедноста на граѓаните, а нивните сопственици не преземаат мерки тоа да се промени и спречи, поради што в.д. градоначалникот Венко Крстевски денеска поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство за узурпација на јавна површина и бесправна градба.

-Со жалење можам да констатирам дека на угостителите кои работат нерегуларно и незаконски поважен им е личниот профит, отколку безбедноста и здравјето на граѓаните. Загрозени се жителите во тие згради, но и посетителите на нивните објекти. И тоа нема да го толерирам затоа што ова е најтешкиот период во поновата историја на Кочани. Не смееме да замижиме по огромната несреќа и да дозволиме институциите сѐ уште да не функционираат. Поради тоа поднесувам кривична пријава против угостители и се надевам на брза и ефикасна реакција од страна на Обвинителството за да не ни се случи „Пулс 2“, истакна в.д. градоначалникот Крстевски, на прес-конференција пред Обвинителството.

Нагласи дека е даден налог до општинската инспекторка за животна средина да ги провери сите елаборати на угостителските објекти.

–Ги прашувам надлежните институции, како што е Државниот пазарен инспекторат, дали се прават контроли и зошто се толерира работењето во дивоградби, како Агенцијата за храна и ветеринарство издала ХАСАП дозвола за објекти што подготвуваат храна ако кујните им се дивоградби и имаат броила за струја што се во непосредна близина на фритезите? Како е можно во тие објекти да има легален приклучок на електричната мрежа и да се прават елаборати што не се соодветни со реалната состојба, слично како во „Пулс“, додаде Крстевски.

В.д. градоначалникот информираше дека во кривичната пријава се приложени документи како пример од судската практика за слична постапка со која се отстранети објекти во други општини. Во меѓувреме, Општина Кочани почнала постапка за отстранување на угостителски објекти во Трговскиот центар во Кочани кои се бесправно изградени на јавна површина.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Сопругата на шефот на полицијата во Штип и нејзината фирма донатори на ВМРО-ДПМНЕ, објави СДСМ
Следна Статија Во Скопје попладнево пороен дожд, ветер и грмотевици

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Уапсени двајца турски државјани, предизвикале пожар во Горно Нерези

На 20.09.2025 во 18:00 часот полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Џ.К.(50) и А.А.(43), двајцата од Република…

September 21, 2025
ХРОНИКА

Почина осуденик од затворот во Штип

На 22.02.2025 во 11.31 часот во СВР Штип, од Клиничка болница Штип било пријавено дека кај нив од Казнено –…

February 23, 2025
ХРОНИКА

Тешка сообраќајка кај Непроштено: Петмина повредени, две лица итно пренесени на Клинички

На 25.01.2026 во 22:50 часот во СВР Тетово е пријавено дека на регионалниот пат с.Јажинце – Тетово, во близина на…

January 26, 2026
ХРОНИКА

Сообраќајка на патот: Сообраќајот е во прекин во двата правци

Поради сообраќајна незгода во прекин е регионалниот пат Маврови Анови-Дебар. Како што соопшти АМСМ, сообраќајот на делницата од регионалниот пат…

August 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?