Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Удрил во куче, па преминал на спротивната лента- загина младо момче
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Удрил во куче, па преминал на спротивната лента- загина младо момче
ХРОНИКА

Удрил во куче, па преминал на спротивната лента- загина младо момче

Објавено February 16, 2026 17:04
Сподели
Сподели

Тешка сообраќајна несреќа со смртен исход се случила на магистралниот пат Куманово–Крива Паланка, кај местото викано „Смилчинци“, во општина Старо Нагоричане. Во несреќата починал 25-годишен возач, а уште три лица се здобиле со тешки повреди.

 

Според информациите од СВР Куманово, несреќата се случила во неделата, 15 февруари 2026 година, околу 19:05 часот. Патничко возило „фолксваген голф“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од 25-годишниот С.Т. од село Нерав, најпрво удрило во куче скитник. По ударот, возилото преминало во спротивната сообраќајна лента и дошло до директен судир со патничко возило „БМВ“, управувано од 27-годишниот Ф.Ј. од село Длабочица.

 

Во несреќата со тешки повреди се здобиле двајцата возачи, како и две сопатнички од возилото „БМВ“ – А.С. (20) и С.Ј. (53), двете од Крива Паланка. Повредите биле констатирани во Општата болница во Куманово. Возачот на „голфот“, 25-годишниот С.Т., им подлегнал на повредите, а телото е предадено на обдукција по наредба на јавен обвинител.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Палчо и екипата на девети април пред Апелација ќе бараат судењето да се врати од почеток
Следна Статија Азески ги поддржа превозниците

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Со фантомки и пластични пиштоли одзеле 650 илјади денари од „Нептун“- обвинение за две лица

Скопското јавно обвинителство покрена обвинение за две лица за разбојништво направено во продавницата за бела техника „Нептун“ во Градскиот стадион…

March 25, 2025
ХРОНИКА

Полицајци уапсија бегалец од Турција осуден на 23 години затвор

На 10.01.2025 околу 18.30 часот од страна на полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек потраги, по претходно…

January 11, 2025
ХРОНИКА

Еден осомничен за ширење омраза кон македонската држава и идентитет

Основното јавно обвинителство Скопје оформи предмет по поднесена кривична пријава од Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам…

March 4, 2026
ХРОНИКА

Дојава за бомба во СЦ „Јане Сандански“, антитерористички единици на терен

Денеска (15.05.2025) во 18.49 часот непознато лице телефонски се јавило во СВР Скопје и рекло дека во салата “Јане Сандански”…

May 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?