Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Укинат притворот на Додик
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Укинат притворот на Додик
БАЛКАН

Укинат притворот на Додик

Објавено July 5, 2025 10:35
Сподели
Сподели

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, вчера доброволно се појавил во Обвинителството на Босна и Херцеговина, во придружба на неговиот адвокат, на сослушување како осомничен во врска со истрагата за сомневањата дека сторил кривично дело напад врз уставниот поредок, се вели во заедничкото соопштение на Судот и Обвинителството на Босна и Херцеговина. Веднаш по солушувањето, укината му е претходно изречената мерка притвор, пренесува РТРС.

Додик три месеци одбиваше да се појави во Обвинителството на БиХ, поради што по него беше распишана потерница и му беше одреден еден месец притвор.

Лидерот на босанските Срби ќе мора да се јавува во полициската станица Лакташи на секои 15 дена.

Осомничениот беше особено предупреден дека може повторно да му биде одреден притвор ако ги прекрши обврските, се вели во заедничкото соопштение на Судот и Обвинителството на БиХ.

По сослушувањето, Додик потврди дека дал изјава на барање на државното обвинителство.

Доброволно се согласив да дојдам во Судот на Босна и Херцеговина и по час и половина добив одлуки за укинување на притворот и за откажување на налозите за претрес во Босна и Херцеговина и во странство. Секако, ова е случај што ќе продолжи, рече Додик.

Тој објасни дека има обврска да се јавува на секои 15 дена во полициската станица Лакташи во близина на Бања Лука каде што има регистрирано живеалиште, а исто така рече дека е „уморен од сè“.

Освен Додик, Обвинителството на БиХ води истрага и против претседателот на Народното собрание на Република Српска Ненад Стевандиќ и премиерот на ентитетот Радован Вишковиќ, по кои е издадена потерница и одреден е притвор. Тие сè уште имаат статус на бегалци од правдата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Николоски: Продолжуваме да ја градиме Македонија
Следна Статија Ненадејно почина млада наставничка од Илинден

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Студенти во блокада продолжија со собирање потписи за вонредни избори во Белград

На Плоштад Никола Пашиќ денеска продолжи собирањето потписи за распишување вонредни парламентарни избори, во организација на иницијативата ИТ Блокада, со…

January 24, 2026
БАЛКАН

Над 300 лица приведени во инциденти во Солун

Повеќе од триста лица се приведени во инцидентите пред Факултетот за инженерство на Универзитетот „Аристотел“ во Солун, пренесуваат грчките медиуми.…

February 7, 2026
БАЛКАН

Србин спаси Македонец во Грција: Скокнал од лежалката и без размислување се стрчал кон водата да помогне

Постар човек од Скопје, кој бил на одмор со сопругата во Олимпик Бич, денес ќе се удавел во морето. Млад…

June 4, 2025
БАЛКАН

Гром удри на фудбалски натпревар во Србија: Двајца фудбалери повредени, еден во тешка состојба

Стравична сцена се одиграла за време на фудбалски натпревар во Србија, кога гром удрил во близина на теренот, при што…

August 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?