Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Укинат притворот на Додик
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Укинат притворот на Додик
БАЛКАН

Укинат притворот на Додик

Објавено July 5, 2025 10:35
Сподели
Сподели

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, вчера доброволно се појавил во Обвинителството на Босна и Херцеговина, во придружба на неговиот адвокат, на сослушување како осомничен во врска со истрагата за сомневањата дека сторил кривично дело напад врз уставниот поредок, се вели во заедничкото соопштение на Судот и Обвинителството на Босна и Херцеговина. Веднаш по солушувањето, укината му е претходно изречената мерка притвор, пренесува РТРС.

Додик три месеци одбиваше да се појави во Обвинителството на БиХ, поради што по него беше распишана потерница и му беше одреден еден месец притвор.

Лидерот на босанските Срби ќе мора да се јавува во полициската станица Лакташи на секои 15 дена.

Осомничениот беше особено предупреден дека може повторно да му биде одреден притвор ако ги прекрши обврските, се вели во заедничкото соопштение на Судот и Обвинителството на БиХ.

По сослушувањето, Додик потврди дека дал изјава на барање на државното обвинителство.

Доброволно се согласив да дојдам во Судот на Босна и Херцеговина и по час и половина добив одлуки за укинување на притворот и за откажување на налозите за претрес во Босна и Херцеговина и во странство. Секако, ова е случај што ќе продолжи, рече Додик.

Тој објасни дека има обврска да се јавува на секои 15 дена во полициската станица Лакташи во близина на Бања Лука каде што има регистрирано живеалиште, а исто така рече дека е „уморен од сè“.

Освен Додик, Обвинителството на БиХ води истрага и против претседателот на Народното собрание на Република Српска Ненад Стевандиќ и премиерот на ентитетот Радован Вишковиќ, по кои е издадена потерница и одреден е притвор. Тие сè уште имаат статус на бегалци од правдата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Николоски: Продолжуваме да ја градиме Македонија
Следна Статија Ненадејно почина млада наставничка од Илинден

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Вучиќ: Доаѓа време на одговорност, нема да има помилувања

Србија победи и Србија не може да се победи со насилство, изјави претседателот Вучиќ по вчершниот собир на опозицијата и…

June 29, 2025
БАЛКАН

Грција забрани фестивал во Лерин затоа што се пееле и играле македонски песни и ора

Грчките власти минатата недела забраниле фестивал во близина на Лерин само затоа што организаторите планирале да се пеат и играат…

June 22, 2025
БАЛКАН

По „10-та мајка“ бел чад од бугарското собрание: Киселова избрана за претседател

Наталија Киселова од БСП собра 140 гласа за претседател на 51-то Народно собрание на Бугарија, 98 беа против, пренесе БГНЕС.…

December 6, 2024
БАЛКАН

 „Сè е мртво!“ Американец отиде на најскапото грчко острово, па се разочара

Американскиот новинар Роберт Шерман објави видео на TikTok во кое тврди дека „европските летови за оваа сезона се откажани“, додека…

July 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?