Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Украина во формален банкрот – Западот се плаши од финансиски колапс
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Украина во формален банкрот – Западот се плаши од финансиски колапс
СВЕТ

Украина во формален банкрот – Западот се плаши од финансиски колапс

Објавено September 29, 2025 14:29
Сподели
Сподели

Украина е во состојба на формален банкрот веќе неколку недели, пишува германскиот весник „Берлинер цајтунг“. На почетокот на јуни владата во Киев одлучи да не им исплати 2,6 милијарди долари, долг на сопствениците на обврзници, со што официјално влезе во суверен банкрот, според медиумот.

Украинското Министерство за финансии објави дека овој потег е дел од пошироката стратегија за реструктуирање на долгот, „која треба да обезбеди долгорочна одржливост на јавните финансии, без да ѝ наштети на Украина“. Станува збор за хартии од вредност од 2015 година, кои им даваат на сопствениците право на плаќања доколку растот на БДП надмине три проценти.

Според официјалните податоци, Украина забележа раст од 5,3 проценти во 2023 година, поттикнат првенствено од домашното воено производство и приливот на надворешни заеми. Сепак, групата инвеститори изрази разочарување поради неисполнувањето на обврските и рече дека е подготвена да бара заемно прифатливо решение.

Финансиски товар на Западот
Додека војната продолжува, на Киев итно му се потребни нови средства, но дури и најблиските сојузници на Украина тешко наоѓаат начини да ги обезбедат потребните суми. Трошоците за финансиски опстанок на земјата, како што наведува германскиот весник, ги надминуваат можностите на Германија, Франција и на Велика Британија.

Европската Унија има намера да обезбеди дел од потребните средства со користење замрзнати руски средства. Сепак, аналитичарите предупредуваат дека таков чекор носи висок ризик за европските даночни обврзници. Доколку санкциите против Москва еден ден бидат укинати, а Русија побара враќање на средствата, европските земји ќе мора да ги покријат обврските што Украина не е во можност да ги намири, пишува медиумот

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Митевски: Аеродром е наш дом, тука ја градиме нашата иднина
Следна Статија Мисајловски: Зголемуваме инвестиции во одбраната, модернизација на Армијата и јакнење на капацитетите за кризи, ризици и сајбер-безбедност

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

(Видео) Новиот човек на Трамп за Блискиот Исток, е свекорот на неговата ќерка Тифани

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп во неделата објави дека либанско-американскиот бизнисмен Масад Булос ќе биде висок советник за арапски и…

December 2, 2024
СВЕТ

Шефот на ОН: Американскиот напад може да доведе до катастрофални последици

Генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш, го прогласи американскиот напад врз Иран за „опасна ескалација во регион кој веќе…

June 22, 2025
СВЕТ

Европратеници лобираат за укинување на промената на сметање на времето

Членови на Европскиот парламент повикаа да се укине промената на сметање на времето во писмо до претседателката на Европската комисија,…

October 26, 2024
СВЕТ

Голем број земји испратија војници во Гренланд во текот на ноќта

Германија испраќа 13 војници во Гренланд, потврди германското Министерство за одбрана. Мисијата ќе биде извидувачка и треба да трае од…

January 15, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?