Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Украина изведе жесток удар врз Москва
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Украина изведе жесток удар врз Москва
СВЕТ

Украина изведе жесток удар врз Москва

Објавено May 17, 2026 19:13
Сподели
Сподели

Украина изведе еден од најмасовните и најсмелите напади врз руска територија од почетокот на војната, таргетирајќи нафтени постројки, воени цели и клучна инфраструктура во Московската област и на окупираниот Крим. Според украински извори, нападот бил координиран од Службата за безбедност на Украина (СБУ) во соработка со украинските одбранбени сили, а биле употребени голем број беспилотни летала.

Украинските медиуми, повикувајќи се на СБУ, објавија дека биле погодени: московската нафтена рафинерија, пумпните станици „Солнечногорскаја“ и „Володарскаја“ и фабриката „Ангстрем“, која произведува полупроводници за рускиот воено-индустриски комплекс.

Според непотврдени информации, ова би можело да биде првпат украински сили успешно да погодат нафтена рафинерија во самиот главен град на Русија. На социјалните мрежи се појавија драматични снимки од пожари и интервенции на пожарникари во Москва.

Паралелно со нападите во Русија, украинските сили извршиле удари и врз воената воздухопловна база Белбек на окупираниот Крим.

Според СБУ, погодени биле системот за противвоздушна одбрана „Панцир-С2“, радарската опрема за системот С-400, системите за управување со дронови „Орион“ и „Форпост“ и контролна кула и хангар на аеродромот.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски им се заблагодари на безбедносните служби и армијата за, како што рече, „прецизните удари“.

Од руската страна пристигнаа тврдења дека станува збор за масовен напад со дронови, при што руското Министерство за одбрана соопшти дека биле соборени повеќе од 550 беспилотни летала. Руските власти потврдија најмалку три жртви и повеќе повредени лица во различни региони на земјата.

Гувернерот на Московската област, Андреј Воробјов, соопшти дека една жена загинала во градот Химки и двајца мажи загинале во селото Погорелки. Во нападите биле оштетени и станбени згради и објекти од критична инфраструктура.

Последните напади покажуваат дека Украина сè повеќе се насочува кон руската енергетска и логистичка инфраструктура, со цел да го ослаби снабдувањето на руската воена машинерија. Нафтените постројки, складиштата за гориво и транспортните јазли во последните месеци стануваат редовна цел на украинските дронови.

Воедно, ваквите операции носат и силен психолошки ефект, бидејќи ја демонстрираат способноста на Украина да погодува цели длабоко во руската територија, вклучително и во близина на Москва.

Аналитичарите предупредуваат дека ваквите напади дополнително го зголемуваат ризикот од ескалација на конфликтот меѓу Русија и Украина. Додека Москва инсистира дека противвоздушната одбрана успешно функционира, самите удари врз чувствителни објекти во главниот град покажуваат дека фронтот одамна повеќе не е ограничен само на украинска територија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Македонските ракометари се пласираа на СП 2027 во Германија
Следна Статија Се трага по тројца државјани на Бангладеш – работеле во Тетово, но си заминале

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Севернокорејските војници се повлекле од Курск?

Украина верува дека севернокорејските трупи стационирани во руската област Курск се повлекле поради големите загуби што им ги нанела украинската…

January 31, 2025
СВЕТ

Ербас ќе врши инспекции на некои авиони поради ‘проблем со квалитетот’

Соопштението доаѓа денови по масовен повик кој влијае на илјадници авиони од А320 флотата.

December 4, 2025
СВЕТ

САД го извршија нов напад во Пацификот, убиени две лица

САД потврдија дека во нивниот последен напад во Источниот Пацифик се убиени две лица, во акција што е означена како…

February 7, 2026
СВЕТ

Доналд Трамп помладиот: Воено-индустрискиот комплекс сака да почне Трета светска војна

Синот на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, Доналд Трамп помладиот, ја критикуваше одлуката на администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден…

November 18, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?