Македонската ракометна репрезентација обезбеди пласман на Светското првенство 2027 година кое ќе се одржи во Германија.
Македонските ракометари вечерва славеа со 38-23 во реваншот против Словачка во СЦ „Борис Трајковски“. Нашите ракометари славеа убедлив триумф пред седум дена и на гостински терен – 31:24.
Македонија ја продолжи традицијата на редовни учества на Мундијалите, по 10-ти пат ќе настапи на Светско првенство.
Капитенот Филип Кузмановски денеска постигна 11 гола.
Комплетната жрепка ќе биде извршена на 10 јуни
