Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Украина по војната треба да постои главно како тампон-држава меѓу Русија и НАТО, смета Орбан
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Украина по војната треба да постои главно како тампон-држава меѓу Русија и НАТО, смета Орбан
СВЕТ

Украина по војната треба да постои главно како тампон-држава меѓу Русија и НАТО, смета Орбан

Објавено November 29, 2025 17:57
Сподели
Сподели

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изложи визија за иднината на Украина, сугерирајќи дека по војната таа треба да постои главно како тампон-држава меѓу Русија и НАТО, објави ДПА.

Орбан во интервју за весникот „Ди Велт“ посочува дека неизбежно ќе треба да се направат територијални отстапки кон Русија, а големината и капацитетите на вооружените сили на Украина ќе бидат намалени.

Тој ги даде своите коментари по контроверзната посета на Москва, каде што се сретна со рускиот претседател Владимир Путин и нагласува дека Унгарија има интерес за стабилни и профитабилни снабдувања со енергија од Русија. Истакнува дека е време да се остават настрана илузиите и да се прифати реалноста наведена во планот од 28 точки на САД за завршување на војната во Украина.

Одложувањето на договорот би и користело на Русија, а не на Украина, и би довело до губење на повеќе територии и животи, нагласува Орбан.

Тој потенцира дека Русија постепено ќе биде реинтегрирана во глобалната економија според американскиот план, со укинување на санкциите со текот на времето. Според него, европската поддршка за Украина е целосно на штета на населението. Тој ја отфрли идејата замрзнатите руски средства да имаат финансиски придонес во таа насока. „Крај на приказната дека Европејците ја финансираат војната со руски пари“, додава Орбан.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Филипче: Владата на Мицкоски создаде хаос во пензисикиот систем, пензиите ги доведе во ризик
Следна Статија Мицкоски го отвори „Гранд при Скопје – 13 Ноември”

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Нема појако: Создавачите на лажните вести обвинувале за лажни вести

Американскиот претседател Доналд Трамп на својот профил на „Truth Social“ објави дека дознал дека од УСАИД биле украдени милијарди долари…

February 7, 2025
СВЕТ

Во Израел е побарана истрага за сопругата на Нетанјаху

Јавниот обвинител на Израел и нареди на полицијата да отвори истрага против сопругата на премиерот Бенјамин Нетанјаху поради сомневање дека…

December 27, 2024
СВЕТ

Четвртина Германци работат од дома

Во најновиот извештај на германскиот Федерален завод за статистика се наведува дека неколку години по завршувањето на пандемијата Ковид-19 една…

April 22, 2026
СВЕТ

Во Париз почна итниот состанок за Украина, се огласи Кремљ

Десетина лидери на европски земји пристигнаа во понеделникот во Елисејската палата на итен состанок за Украина и одбраната, додека американскиот…

February 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?