Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Украинците нападнале руски магацин за муниција
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Украинците нападнале руски магацин за муниција
СВЕТ

Украинците нападнале руски магацин за муниција

Објавено July 3, 2025 07:37
Сподели
Сподели

Украина извршила напад врз руски магацин за муниција во градот Карцизк во окупираниот дел од регионот Донецк вчера, објавија и рускиот и украинскиот Телеграм канал.

На социјалните мрежи се појавија снимки на кои наводно се гледаат моќни експлозии во близина на пријавениот магацин, кој се наоѓа источно од градот Донецк, кој е под руска окупација.

Украинската армија не го коментираше нападот и засега нема информации за обемот на штетата.

Во меѓу време, Русија соопшти и за напад врз рускиот регион Липецк, каде загина жена на околу 70 години, а уште две лица беа повредени од остатоци од соборен украински дрон. Гувернерот Игор Артамонов соопшти дека урнатините паднале врз станбена зграда на периферијата на градот Липецк. Нема конечна проценка на обемот на нападот со украински дрон во областа Липецк и предизвиканата штета.

Украинската војска редовно напаѓа воени цели на територијата окупирана од Русија, како и длабоко во Русија, во обид да ја ослабне способноста на Москва да води војна против Украина.

Русија со месеци ја фокусира својата офанзива врз градот Покровск во Донецката област, кој е под постојан напад, а во последно време сè повеќе се обидува да ги пробие украинските линии кон соседната Дњепропетровска област – регион кој досега не е погоден од борбите. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Овие знаци ќе процветаат во јули- ги очекува одличен период
Следна Статија Денеска е голем празник-Св.Наум Охридски

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Ученик во Германија нападнал наставничка со нож во стомакот, полицијата го застрела при апсењето

Весникот „Билд“, објавува дека 17-годишен ученик нападнал наставничка со нож во округот Нордвиртел во Есен. Наводно ја избодел во стомакот.…

September 5, 2025
СВЕТ

Полицијата откри поврзаност меѓу напаѓачите од Лас Вегас и Њу Орлеанс

Човекот одговорен експлозијата на Сајбертрекот пред меѓународниот хотел Трамп во Лас Вегас служел во истата воена база како и терористот…

January 2, 2025
СВЕТ

Новинар по грешка бил додаден во групен разговор на највисоки американски функционери каде зборувале за напади врз Јемен

Членови на Советот за национална безбедност на САД ја користеле апликацијата „Сигнал“ („Signal“) да разговaраат за претстојната воена операција против…

March 25, 2025
СВЕТ

Илон Маск: Канадскиот премиер Џастин Трудо е неподнослива будала!

Милијардерот Илон Маск го нарече канадскиот премиер Џастин Трудо „неподнослива будала која нема уште долго да биде на власт“! Ова…

December 12, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?